Втора лигаФудбал

Спиркоски се врати во Битола – Пелистер доби големо засилување пред стартот на сезоната

Сподели
ФОТО: ФК Пелистер
Сподели



Второлигашот Пелистер продолжува интензивно да го комплетира играчкиот кадар за новата сезона, а најново засилување на битолскиот клуб е искусниот Благојче Спиркоски, кој по пауза од пет години повторно ќе го носи зелено-белиот дрес.

Спиркоски се враќа во Битола по шестмесечниот престој во второлигашот Охрид и со своето богато искуство треба да биде едно од клучните имиња во тимот на Борче Христов, кој има јасна цел – експресно враќање на Пелистер во Првата македонска фудбалска лига.

Во својата кариера, Спиркоски настапуваше за повеќе македонски клубови. Беше дел од Хоризонт Турново, а потоа ги бранеше боите на Кожуф, Тиквеш, Гостивар, Шкупи, Македонија ЃП, Победа, Еуромилк, 11 Октомври, како и на Пелистер и Охрид, оставајќи белег каде и да настапуваше.

Во Битола веруваат дека неговото враќање ќе донесе дополнителна стабилност и квалитет во составот, а новиот стратег Борче Христов продолжува со формирањето на тимот, при што се очекува во наредниот период да биде претставено и уште едно ново засилување.

Пелистер новата сезона во Втората македонска фудбалска лига ќе ја отвори на 15 август, кога на домашен терен ќе го пречека дебитантот Камјани, во натпревар со кој битолчани ќе ја започнат мисијата за враќање меѓу најдобрите македонски клубови.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Швајцарија е велесила, но ние тука не дојдовме само да одиграме натпревар, туку да направиме нешто

Фудбалската репрезентација на Македонија утре ќе одигра нов дуел со репрезентацијата на Швајцарија во гости, во оглед нашата репрезентација да извлече позитивен резултат,...

Останато

Девран Куртис со четири медали на „Лесковачки Победник 2026“: Злато и три сребра за младата охридска пливачка

Уште еден одличен настап за младата охридска пливачка Девран Куртис, која со четири медали се враќа од меѓународниот пливачки митинг „Лесковачки Победник 2026“,...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Кирил Неделков е ново засилување на шампионот Проект

Македонскиот шампион Проект промовираше уште едно засилување, Кирил Неделков промовиран во тимот...

КупФудбал

КУП: Третолигашот Крошу Спорт против фаворитот Тиквеш во Неготино

Утре на Градскиот стадион во Неготино ќе се одигра уште еден меч...

ФудбалФутсал

Шампионот Проект се засили со младиот Андреј Коцевски

Македонскиот футсал шампион го претстави првото засилување за новата сезона, Андреј Коцевски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!