Останато

Убедлива победа за Струмица, неизвесен меч одигра Сушево, Борец подобар од Македонија Макс

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Фаворитите и во 13. коло од Првата одбојкарска лига во машка конкуренција одиграа според планот.

Лидерот и шампион Струмица со 1:3 славеше победа над Работнички на гостински терен. Првите два сета му припаднаа на гостинот со 21:25 и 22:25, а во третиот сет Работнички беше пдообар со 25:23, додека пак во четвртиот сет Струмица беше подобра со 19:25.

Борец со 1:3 славеше во Струмица над Македонија Џио откако гостинот од Велес првите два сетови ги доби со 15:25 и 18:25. Во третиот сет струмичани беа подобри со 25:23, а пак четвртиот сет го доби гостинот со 16:25.

Екипата на Лириа со 3:0 во сетови славеше висока и сигурна победа над Јанта Волеј (25:18) (25:16) (25:15).

Сушево со 3:2 славеше над Весна Пробиштип (24:26) (18:25) (25:22) (25:13) (17:15)

Екипата на Шкендија на домашен терен загуби од освојувачот на Купот, екипата на Штип УГД со 0:3 во сетови. Штипјани беа пресилни, откако првиот сет го добија со 15:25, вториот со 10:25, а третиот со 9:25.

Универзитет Тетово со 3:0 во сетови (25:8) (25:18) (25:13) славеше победа над Вардар на домашен терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

РФМ одржа состанок со ракометните судии од Скопје, во фокус реактивирањето на Скопскиот судиски збор

Во просториите на Ракометната федерација на Македонија денеска се одржа состанок со ракометните судии од Скопје, на барање на генералниот секретар на РФМ,...

Ракомет

Вардар блесна среде Франција: „Црвено-црните“ го надиграа Нант и стигнаа до првата победа во ЛШ!

Ракометарите на Вардар 1961 приредија вистинска сензација на гостувањето во Франција, совладувајќи го Нант со убедливи 33-27 во натпревар од групната фаза на...

Поврзани написи
Останато

Македонскиот шампион Штип УГД поразен на дебито во Лигата на шампион, првакот на Холандија максимален

Македонскиот одбојкарски шампион УГД Штип го имаше своето историско деби во Лигата...

Останато

Кристиан Ристески: Ова претставува огромна чест и задоволство, но истовремено и голема одговорност за сите нас

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД денес ќе дебитира во Лигата на шампиони,...

Останато

(ФОТО) По децении запуштеност, конечно ќе се реконструира спортската сала „Македонија“ во Прилеп

По децении запуштеност, спортската сала „Македонија“ во Прилеп конечно ќе добие целосна...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!