Ракомет

Искусната голгетерка Марија Анчева се раздели со Астибо – почнува битката за нејзиниот потпис

Сподели
Сподели



Една од најдобрите македонски ракометарки и најдобар стрелец во историјата на женскиот ракомет во Македонија, Марија Анчева, повеќе нема да го носи дресот на Астибо и во новата сезона ќе има нов клуб во својата богата кариера, дознава ексклузивно Спортска Мрежа.

Искусната 32-годишна ракометарка, која настапува на позицијата лев бек, донесе одлука да ја промени средината откако Астибо, поради финансиски проблеми, се откажа од настап во Суперлигата. Иако штипскиот клуб избори опстанок на теренот, како што претходно објави Спортска Мрежа, раководството одлучи да не се натпреварува во елитното друштво, што доведе и до разделба со најголемата ѕвезда на тимот.

Анчева зад себе остави уште една фантастична сезона. Во дресот на Астибо постигна 252 погодоци, убедливо најмногу во шампионатот. Зад неа заврши Зорица Андовска од Спартак со 174 гола, односно дури 78 погодоци помалку, а ниту една друга ракометарка не успеа да ја надмине границата од 200 постигнати голови.

Нејзините бројки со години се импресивни. Анчева е рекордер во женскиот ракомет во Македонија по бројот на постигнати голови, а воедно е и најдобар стрелец на Балканот, со повеќе од 5.000 погодоци во својата кариера, достигнување кое дополнително ја потврдува нејзината големина и континуитет.

Во текот на кариерата настапуваше за Астибо, Кожувчанка, Гевгелија, Овче Поле СУ и Пелистер, со кој имаше можност да настапува и на европската сцена.



Со оглед на тоа што сега е слободна ракометарка, се очекува голем интерес од суперлигашките клубови кои имаат високи амбиции за новата сезона. Искусен лев бек, лидер на теренот и ракометарка која со години е синоним за голови, Анчева сигурно ќе биде едно од најатрактивните имиња на домашниот ракометен пазар.

Каде ќе ја продолжи својата кариера, останува да се види во наредниот период, но нема сомнеж дека клубот кој ќе го обезбеди нејзиниот потпис ќе добие огромно засилување и една од најдокажаните македонски ракометарки.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!