Прва лигаФудбал

Фетаи: Ни требаат три бода против Скопје за успешен почеток на сезоната

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

По првиот европски предизвик против Браво во Словенија, вицешампионот во Првата лига, Шкендија од Тетово, в недела како домаќин ќе се соочи со екипата на Скопје, со јасна цел да ги потврди своите шампионски амбиции.

„Секако, ова е нова сезона и нов шампионат. Амбициите остануваат исти — одиме на шампионската титула и сакаме да започнеме успешно, онака како што треба. Ќе го дадеме својот максимум за да победиме на овој натпревар“, изјави на почетокот Имран Фетаи.

По првата средба на меѓународна сцена, тетовскиот тим целосно се фокусира на дуелот со Скопје во рамките на првото коло од домашното првенство.

„Натпреварот со Браво моментално го оставивме настрана. Целиот наш фокус сега е насочен кон Скопје. Дури по овој дуел, повторно ќе размислуваме за реваншот со Браво“, истакна Фетаи.

Тој е убеден дека екипата е подготвена за зацртаната цел — старт со три бода.

„Секој натпревар има свое значење. Како што се вели, добар почеток е половина завршена работа. Свесни сме за тоа и влегуваме стопроцентно подготвени за да ја обезбедиме победата“, заклучи Имран Фетаи.

Натпреварот од првото коло во новиот шампионат меѓу Шкендија и Скопје ќе се одигра в недела, на комплексот на ФФМ во Скопје, со почеток во 19:00 часот.



Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!