Прва лигаФудбал

Муарем: Ќе се обидеме максимално да и отежнеме на Шкендија

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Новиот прволигаш ФК Скопје ја отвора сезоната со гостински натпревар против вицепрвакот Шкендија. Мечот ќе се одигра на комплексот на Фудбалската федерација на Македонија со почеток во 19 часот, а новиот шеф на стручниот штаб на клубот од Автокоманда, Муарем Муарем, верува дека неговиот тим може да му парира на фаворитот.

„Нема сомнение дека Шкендија фаворит по неколку основи, и квалитативно, но и се наоѓа веќе во натпреварувачка форма, со оглед дека настапува во европските купови. Ние подоцна ги стартувавме подготовките, сѐ уште сме и во фаза на изградба на тимот, но ќе се обидеме максимално да му отежнеме на противникот на овој натпревар. Мотивите кај мене и кај фудбалерите се огромни, веруваме дека можеме да одиграме добар натпревар и на крајот да оствариме позитивен резултат“, вели новиот тренер на ФК Скопје.

Натпреварот Шкендија – Скопје ќе се одигра на комплексот на ФФМ и ќе го заокружи првото коло во новата сезона од Првата фудбалска лига.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!