Прва лигаФудбал

Вардар ја доби Брегалница и победнички ја отвори сезоната

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Македонскиот шампион Вардар успешно ја започна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига, откако на Националната арена „Тодор Проески“ славеше со 2-0 против повратникот во елитата, Брегалница.

Стратегот Кристијан Фабијани мораше да направи промени во стартниот состав поради реваншот против летонска Рига во Конференциската лига, „црвено-црните“ одиграа зрел натпревар и заслужено стигнаа до првите три бода.

Вардар од самиот почеток ја презеде иницијативата, а по неколкуте почетни интервенции на голманот Амир Јашар, домаќините поведоа во 27. минута. По одличната акција на Горан Закариќ и центаршутот на Едиз Спахиу, најдобро се снајде младиот Димитар Данев, кој ја испрати топката во мрежата за 1-0.

Само неколку минути подоцна Закариќ постигна погодок, но по ВАР-проверката истиот беше поништен поради игра со рака, па Вардар на паузата замина со минимална предност.

На стартот од второто полувреме Брегалница се обиде да се врати во игра, но Ненад Мишковски навремено го блокираше обидот на Мартин Стојанов, а потоа голманот Даниел Диковски сигурно интервенираше по уште една опасна акција на штипјани.

Вардар продолжи да создава шанси преку Азер Омерагиќ и Герсон Родригез. Конечно, во 81. минута, токму Родригез одлично го проигра Закариќ, кој со прецизен удар од дистанца ги постави конечните 2-0.

Со оваа победа Вардар ја отвори сезоната на најдобар можен начин, а сега вниманието целосно го насочува кон реваншот против Рига во второто квалификациско коло од Конференциската лига.

Во следното првенствено коло шампионот ќе гостува кај Шкендија во големото дерби, додека Брегалница на домашен терен во Штип ќе го пречека тимот на Арсими.

Сподели

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Вардар испушти победа во Куманово: Башкими се врати во финишот за 3-3

Актуелниот македонски шампион Вардар пропушти голема можност да стигне до нова победа...

Втора лигаФудбал

Македонија ЃП со Темелков до втора сезонска победа, Камјани со минимален поразен 

Македонија Ѓорче Петров стигна до втората сезонска победа во Втората македонска фудбалска...

Трета лигаФудбал

Шест региони, 74 екипи и една цел – стартува новата сезона во Третата македонска лига

Новата сезона во Третата македонска фудбалска лига 2026/27 започнува овој викенд, а...

Втора лигаФудбал

Голема трагедија: На само 21 година загина поранешен фудбалер на Тетекс

Тажна вест го потресе тетовскиот и македонскиот фудбал. На само 21 година...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!