Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Грузија на стартот од Европското првенство Б-дивизија

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз го започна настапот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, кое се одржува во хрватските градови Ријека и Опатија. Во натпреварот од првото коло во групата „Д“, нашите репрезентативци загубија од селекцијата на Грузија со 83:66.

Дуелот започна израмнето, а Грузија ја доби првата четвртина со минимални 17:16. Македонските јуниори потоа одиграа одлична втора четвртина, предводени од расположениот Ѓорѓи Цветковски. Со серија од 19:9, Македонија во 16. минута поведе со 35:26 и изгледаше дека ја презема контролата.

Сепак, Грузија возврати во завршницата на првото полувреме, направи серија од десет неодговорени поени и успеа да израмни на 36:36, резултат со кој двете селекции заминаа на одмор.

Во второто полувреме се водеше рамноправна борба, но грузиската репрезентација постепено го презеде водството. Со серија на крајот од третата и почетокот на последната четвртина, противникот создаде двоцифрена предност од 62:49. Македонија успеа да намали на 62:55, но Грузија веднаш возврати со нова серија и без поголеми проблеми стигна до конечна победа од 83:66.

Најефикасен во македонскиот состав беше Ѓорѓи Цветковски со 20 поени, три скока и три асистенции. Капитенот Григориј Ѓорѓевиќ постигна 11 поени, со три скока и две асистенции, додека Лука Чучанов беше на чекор до „дабл-дабл“ учинок со девет поени и девет скока.

Во второто коло од групата „Д“, Македонија утре од 10:30  часот ќе се соочи против селекциајта на Унгарија.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Универзитет во Тетово преку „златен сет“ обезбеди пласман во Првата А лига

Одбојкарите на Универзитет во Тетово го освоија последното место во Првата А лига за регуларниот дел од сезоната, откако во драматичен расплет го...

Останато

Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево обезбедија место во Првата А лига

Одбојкарските екипи на ГОК Борец, Струмица 47&72, Работнички 71&22 и Сушево успешно го минаа претколото и обезбедија пласман во Првата А лига за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Женската кадетска репрезентација ги започна подготовките, Македонија ќе игра против Турција и Грција

Женската кадетска ракометна репрезентација на Македонија ги започна подготовките за настапот во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!