Ракомет

Савревски: „Целите ни се секогаш високи – сакаме повторно да освојуваме трофеи“

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид вчера и официјално ги започна подготовките за новата сезона, која доаѓа по најуспешната година во клупската историја.

Меѓу ракометарите кои повторно се ставија на располагање на тренерот Борис Ројевиќ е и Давид Савревски – еден од играчите што минатата сезона беа дел од генерацијата која испиша историја, оставајќи срце на теренот и носејќи го првиот европски трофеј во Охрид. Пред новите предизвици, тој верува дека тимот повторно има квалитет да биде конкурентен на сите фронтови.

ФОТО: ГРК Охрид

Историската сезона носи уште поголем мотив

Савревски истакнува дека минатата сезона ќе остане засекогаш запаметена, но потенцира дека новиот состав ќе има потреба од време за да се воигра. Сепак, токму европскиот успех носи дополнителен мотив и обврска тимот повторно да биде на највисоко ниво.

„Пред сè, лани одигравме една историска сезона – за градот, за клубот.. освоивме трофеј во Европа. Оваа сезона имаме нови играчи, па ќе ни треба некој период да се воиграме. Исто така, сезонава имаме и поголем притисок и мотив- да го одбраниме европскиот трофеј. Нормално, целите ни се секогаш високи, целиме да освојуваме трофеи, одиме чекор по чекор, па ќе видиме на крајот на сезоната до каде сме, но целиме на трофеи.”

ФОТО: ГРК Охрид

Силни проверки пред официјалните предизвици

До стартот на Регионалната лига, охридскиот тим ќе има доволно време за темелни подготовки и силни контролни натпревари. Савревски нагласува дека турнирите во Струга и Охрид ќе бидат вистински тест за екипата, но и можност да се продолжи победничкиот континуитет.

„Имаме еден месец до почетокот на Регионалната лига, но пред тоа ќе играме на турнирот во Струга, а потоа имаме многу силен турнир тука во Охрид, кој лани и го освоивме..ќе играме со екипи кои се врв во нивните држави, па секако- одиме да го браниме и тој трофеј.”- изјави Савревски во разговор за Спортска Мрежа.

ФОТО: ГРК Охрид

Историската сезона веќе е испишана со златни букви, но во таборот на ГРК Охрид никој не се задоволува со постигнатото. Напротив, европскиот трофеј е само потврда за квалитетот на оваа генерација, која сега има нов предизвик – да остане на победничките патеки, да ги оправда високите очекувања и повторно да го радува Охрид со нови трофеи.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Македонија со познати термини за битката за ЕП 2028!

Македонската ракометна репрезентација во ноември ќе го започне патот кон Европското првенство...

Ракомет

Еурофарм Пелистер се рехабилитира со убедлива победа кај Бутел

Еурофарм Пелистер вчера стигна до сигурна победа во Супер машката лига, откако...

Ракомет

Томовски повторно ,,непробоен ѕид”: 14 одбрани против Фуксе Берлин!

Мартин Томовски продолжува да ја потврдува својата одлична форма во Бундеслигата. Македонскиот...

Ракомет

Драма до последна секунда: Прилеп и Струга си поделија по бод!

Прилеп и Струга одиграа неизвесен натпревар во 5. коло од Супер машката...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!