ИнтернационалциФудбал

Охрид има нов фудбалски бисер: Хадис Иса успешно го гради патот кон врвот во Германија

Сподели
Сподели



Македонскиот фудбал добива уште едно надежно име кое успешно се развива во Германија. Станува збор за 16-годишниот охриѓанец Хадис Иса, еден од најталентираните млади дефанзивци од својата генерација, кој моментално настапува за Викторија Пројсен Франкфурт (Viktoria Preußen Frankfurt) У17 во втората германска лига.

Иса е роден на 7 септември 2010 година во Струга, висок е 183 сантиметри, тежок 71 килограм и игра на позицијата централен дефанзивец, каде се истакнува со сигурност, физичка доминација и одлично читање на играта.

Неговиот фудбалски пат започнал преку КФ Тирана, ГФК Охрид и Воска, по што кариерата ја продолжил во Германија. Од 2022 до 2024 година беше дел од DJK SSG Дармштат, потоа настапуваше за TSG Дармштат, VfB Ginsheim и SVS Stephan Griesheim, а од оваа сезона го носи дресот на Викторија Пројсен Франкфурт, каде продолжува со успешниот развој. Игра во Втора младинска лига на Германија, а негова најголема желба е да заигра во дресот на македонската фудбалска репрезентација.

Силните страни на младиот стопер се играта еден на еден, смиреноста под притисок, високата фудбалска интелигенција и способноста да ја започне акцијата од последната линија. Станува збор за модерен централен бек кој е сигурен во дуелите, позициониран и агресивен кога е најпотребно.

Хадис покрај фудбалските квалитети зборува македонски, албански, германски и англиски јазик, што дополнително му помага во интернационалната средина во која се развива.



Според информациите кои ги доби Спортска Мрежа, доколку продолжи со ваквиот напредок, се очекува наскоро да добие повик и во репрезентацијата на Македонија до 17 години, што би било уште едно големо признание за неговата работа.

Неговиот омилен клуб е Челси, а фудбалски идол му е холандскиот репрезентативец Вирџил ван Дајк, чиј стил на игра се обидува да го следи и да го надградува.

Со само 16 години, Хадис Иса веќе чекори по сериозен европски фудбалски пат, а доколку продолжи со истата посветеност и развој, пред него стои ветувачка кариера на повисоко ниво.



Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!