Останато

(ФОТО) Историски успех за Македонија: Елена Мицковска избрана во Извршниот одбор на Светската федерација на училишен спорт

Сподели
ISF Ordinary General Assembly at Crown plaza on July 21, 2026 in Belgrade, Serbia. (Photo by Djordje Kostic©)
Сподели



Македонскиот спорт испиша нова значајна страница на меѓународната сцена. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Извршниот одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), со што Македонија за првпат во својата историја добива претставник во највисокиот орган на управување на оваа светска спортска организација.

Изборот беше извршен на Генералното изборно собрание на ISF, кое се одржува во Белград, во присуство на претставници од земјите членки од целиот свет.

Во рамки на изборниот процес, Мицковска ја претстави својата програма, визија, мисија и стратешки цели за идниот развој на училишниот спорт. Нејзината посветеност и концепт за унапредување на спортот кај младите беа препознаени од земјите членки, како и од реизбраниот претседател на ISF, Жељко Танасковиќ, по што доби доверба во следните четири години да биде дел од највисокото раководно тело на Светската федерација.

Од преземањето на функцијата претседател на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Мицковска континуирано работи на развојот на училишниот спорт преку зголемено учество на македонските ученици на меѓународни натпревари, реализација на нови проекти и имплементација на современи светски стандарди во оваа област.

Во изминатиот период Македонија се етаблираше како сериозен партнер на Светската федерација на училишен спорт, а најголема потврда за тоа беше успешната организација на Светското училишно првенство во ракомет, кое се одржа во нашата земја и доби високи оценки од сите учесници и претставници на ISF.



Во своето обраќање пред делегатите, Мицковска нагласи дека Македонија силно верува во моќта на спортот како двигател за правилен развој на младите генерации. Таа ја истакна и институционалната поддршка што ја добија големите спортски проекти во земјава, меѓу кои Светското училишно првенство во ракомет и Плазма Спортските игри за млади, зад кои застанаа претседателката на Република Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт Борко Ристовски.

Изборот на Елена Мицковска во Извршниот одбор на ISF претставува историско достигнување за Македонија и значајно признание за македонскиот училишен спорт, отворајќи нови можности нашата држава уште поактивно да учествува во креирањето на политиките и развојот на училишниот спорт на светско ниво.



Сподели

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Останато

Стефан Алексов останува во Штип УГД, но во нова улога – ќе биде асистент на Кристиан Ристески

Одбојкарскиот шампион Штип УГД направи важен чекор во пресрет на новата сезона,...

Останато

ФОТО: Испишана нова страница во македонското маратонско пливање: Успешно дебитираше „Дрим Маратон 2026“

Во организација на Пливачкиот клуб Три Дисциплини од Струга, во соработка со...

Останато

Калин Ивановски поради повреда го предаде мечот од второто коло на ИТФ 25 Олерсбах

Македонскиот тенисер Калин Ивановски во вториот сет од мечот од второто коло...

Останато

Калин Ивановски по голема борба и со пресврт до победа на турнирот во Олерсбах

Македонскиот тенисер Калин Ивановски ја продолжи серијата победи откако мечот од првото...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!