Втора лигаФудбал

ВИДЕО: Атрактивно голчиште на Александар Ѓорѓиески, голманот на Борец „пливаше во празно“

Сподели
Сподели

Во рамки на 8. коло од Втората македонска фудбалска лига екипата на Кожуф на домашен терен на Градскиот стадион во Гевгелија со 2:0 триумфираше сигурно над Борец од Велес, но овој меч го одбележа фантастичното голчиште на Александар Ѓорѓиески за отварање на резултатот во Гевгелија.

Се играше 15. минута од мечот кога Кирил Стојков проигра со Ѓорѓиески, а 24-годишниот охриѓанец испрати вистински проектил кон голот на Борец, каде гостинскиот голман Петар Јакимов „пливаше во празно“ и беше немоќен при таков прецизен шут.

Погодокот на Ѓорѓиески всушност беше против неговиот поранешен клуб, охриѓанецот за Борец настапуваше во период од јули 2021 до јули 2022 година.

  • АТРАКТИВНИОТ ГОЛ НА ЃОРЃИЕСКИ И „ПЛИВАЊЕТО ВО ПРАЗНО“ НА ЈАКИМОВ ВО ГЕВГЕЛИЈА:

Ѓорѓиески во Кожуф пристигна од Детонит Плачковица, претходно настапуваше за прволигашот Воска Спорт, Охрид, Македонија ЃП, Вардар и Еуромилк ГЛ.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Ројевиќ предупредува пред европската битка: Фаворитската улога мора да се потврди на теренот!

Европската круна беше освоена, но пред ГРК Охрид следува нов предизвик во натпреварувањето во кое минатата сезона испиша историја. Актуелниот освојувач на ЕХФ...

Останато

Штип УГД пристигна во Холандија за историското деби во Лигата на шампионите, познати и судиите

Македонскиот одбојкарски шампион Штип УГД е во Холандија, каде што во среда ќе го има историскиот дебитантски настап во Лигата на шампионите. Противник...

Поврзани написи
Втора лигаПрва лигаФудбал

ФФМ: ВАР-интервенциите беа оправдани, судењето на одлично ниво во ПМФЛ И ВМФЛ

Судискиот одбор при Фудбалската федерација на Македонија изврши анализа на клучните судиски...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Без победник во Подареш, Струмешница убедлива против Слога, Василево со нова победа

Во неделата се одиграа натпреварите од 3. коло на Општинската фудбалска лига...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!