Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонските кошаркарки славеа против Косово во подготовките за ЕП

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската репрезентација на Македонија до 18 години забележа победа од 57:43 над селекцијата на Косово во контролен натпревар одигран во малата сала на СРЦ „Кале“, како дел од завршните подготовки за Европското првенство од Дивизијата Б во Тулчеа, Романија.

Македонските кошаркарки имаа подобар почеток и по водството од 7:2 ја добија првата четвртина со 18:12. Во вториот период гостинките успеаја да го свртат резултатот и на паузата заминаа со минимална предност (33:31).

Сепак, во второто полувреме избраничките на селекторот Виктор Петровски целосно го презедоа контролата. Со цврста и дисциплинирана одбрана му дозволија на Косово да постигне само 10 поени во последните две четвртини, што им донесе убедлива победа.

Најефикасна во македонскиот состав беше Ива Колева, која по враќањето од повреда постигна 19 поени. Мариновска придонесе со 9, а Пислевска натпреварот го заврши со 7 поени.

Контролниот натпревар беше искористен и за дополнително воигрување на составот, при што селекторот Петровски им даде минутажа на сите 16 кошаркарки што се дел од подготовките пред настапот на континенталниот шампионат.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија поразена од Грузија на стартот од Европското првенство Б-дивизија

Машката кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години со пораз го започна...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Миленкоски го објави поширокиот список за ЕвроВолеј 2026

Македонската машка сениорска одбојкарска репрезентација наскоро ќе ги започне подготовките за својот...

Останати репрезентацииРепрезентација

Тежок пораз на младите ватерполисти У16 со неверојатни 41:0 од селекцијата на Унгарија

Македонската ватерполо репрезентација до 16 години претрпе убедлив пораз од селекцијата на...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!