РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Фустал А репрезентацијата на Македонија ќе одигра два квалификациски натпревари против Холандија и Андора

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Футсал А репрезентацијата на Македонија ќе одигра два натпревари против Холандија и Андора во рамки на квалификациите за пласман на ЕП 2026 година.

Првиот меч Македонија го игра против силната Холандија во гости. Дуелот ќе се одигра на 13. декември во Алмере со почеток од 19:30 часот.

Вториот квалификациски меч го играме на домашен терен против Анода во спортската сала „Јане Сандански“ на 18. декември со почеток од 19 часот.

Селекторот на футсал репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски за претстојните квалификациски мечеви со Холандија и Андора се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Антонио Петровски
Иван Стојановски
Никола Спасовски
Зоран Левски
Таулант Исмаили
Даниел Марињо Де Соуза
Марио Благојевски
Садат Зибери
Драган Петровиќ
Игор Леовски
Димитар Јанев
Јакуп Рамадани
Иван Крстевски

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!