Прва лигаФудбал

ФОТО: Започна да се гради стадионот во Арачиново, Шкендија има големи планови и цели

Сподели
Сподели

Новиот прволигаш Шкендија Арачиново испрати јасна порака дека влегувањето во Првата македонска фудбалска лига е само почеток на една поголема спортска приказна. Од клубот најавуваат амбициозни планови за иднината, како на теренот, така и надвор од него, со цел да изградат стабилен и конкурентен прволигаш.

Преку своите официјални канали, од Шкендија Арачиново порачаа дека клубот ќе продолжи да блеска, ќе остане таму каде што му е местото – во врвот на македонскиот фудбал, а во иднина се планира изградба на стадион, формирање силен тим и ангажирање европски стручен штаб.

Во меѓувреме, започна реализацијата и на долгоочекуваниот спортски проект во Арачиново. Градоначалникот на Општина Арачиново, Даут Беќири, информираше дека започнале работите на Спортскиот центар, при што првата фаза е изградба на тренинг-стадион, а потоа ќе следува и изградба на главниот стадион на кој ќе се играат натпреварите.

„Спортскиот центар во Арачиново станува реалност! Ова е долгоочекуван проект и едно од најголемите барања на љубителите на спортот, младите и сите наши жители. По многу години чекање, денес го правиме првиот чекор кон создавање подобри услови за нашите спортисти. Работите започнаа токму со тренинг-стадионот, кој претставува прва фаза од реализацијата на Спортскиот центар. Потоа ќе биде изграден и стадионот за одигрување натпревари, со што Арачиново ќе добие модерен спортски комплекс. Денес не зборуваме само за еден проект, туку остваруваме долгогодишен сон на сите жители на Арачиново. Арачиново го заслужува најдоброто!“, порача градоначалникот Даут Беќири.

Шкендија Арачиново минатата сезона го освои третото место во Втората македонска фудбалска лига, а потоа преку баражот против Пелистер обезбеди историски пласман во Првата лига. Така, клубот за првпат во својата историја ќе биде дел од македонската фудбалска елита.

Покрај засилувањата и екипирањето на тимот со цел да располага со квалитетен ростер за прволигашките предизвици, во Арачиново паралелно се инвестира и во инфраструктурата. Изградбата на новиот стадион е дел од долгорочната визија клубот во иднина своите домашни натпревари да ги игра пред своите навивачи во Арачиново, со што Шкендија дополнително ги потврдува сериозните амбиции за стабилна иднина во македонскиот фудбал.



Сподели

Не пропуштајте

Младински фудбалФудбал

Голем хуман гест за голем јубилеј: Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила слави 15 години со добротворна акција!

Фудбалската школа „Еден на Еден“ од Могила одлучи својот 15-годишен јубилеј да го одбележи на посебен начин – наместо со традиционална прослава, младите...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Каранфиловска и Коловска за важни три бода: Истатов го совлада Кочани, кој остана „закован“ на дното

Фудбалерките на Истатов го совладаа Кочани со 2:0 во последниот натпревар од 11. коло на Првата женска фудбалска лига. Ања Каранфиловска и Андреа...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

Елмас влезе кога Аталанта веќе губеше со 0:3: Парма го реши мечот пред неговото влегување

Елиф Елмас доби шанса во последните триесетина минути, но Аталанта веќе беше...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!