Денес второлигашот Еуромилк ГЛ и прволигашот Шкендија Арачиново одиграа пријателски натпревар во рамки на летните подготовки за проверка на формата, кој заврши без победник со по еден гол за конечни 1:1.
„Лисиците“ први стигнаа до предност од 1:0 на полувреме со голот на Хусеин Демири, кој погоди во 27. минута од средбата, а потоа во вториот дел тимот од Горно Лисиче се одлучи да има даде шанса и на помладите играчи, кои како што посочуваат од клубот одлично се покажале на теренот.
Во вториот дел новиот прволигаш од Арачиново постигна гол за конечни 1:1 со што немаше победник на овој пријателски натпревар од контролен карактер, а кој беше можност да се види како оди подигањето на формата по почетокот на летните подготовки. Овие две екипи до пред две сезони водеа борба во Трета лига – Север.
Еуромилк ГЛ новата сезона во Втората лига ја отвара против Брера Струмица, а пак Шкендија Арачиново како дебитант елитата ја отвара против Струга Трим Лум.