Турнири

ФОТО: Турнирот во Конче успешно заврши: Црна Река шампион откако славеше во финалето над Фреигхт Оне

Сподели
Сподели

Со големото финале беше спуштена завесата на уште едно успешно издание на традиционалниот турнир во мал фудбал во Општина Конче, кој и оваа година донесе возбудливи натпревари, одлична посетеност и богата организација.

Организаторите изразија благодарност до сите екипи, фудбалери, спонзори и бројната публика која секоја вечер беше дел од турнирот, истакнувајќи дека целта е оваа спортска манифестација од година во година да прераснува во уште поквалитетен настан преку организациски подобрувања и нови содржини.

И годинава беше организирана традиционалната лотарија, преку која беа доделени голем број награди за посетителите, а благодарност беше упатена и до Спортска Мрежа за медиумската поддршка и директните преноси од полуфиналните натпревари, мечот за третото место и големото финале.

На теренот, во натпреварот за третото место, екипата на Перо и Тајфата убедливо славеше со 8:0 против Дивино. Во големото финале, пак, Црна Река славеше над екипата на Фреигхт Оне со 4:1 и заслужено го освои победничкиот пехар.

Конечниот пласман изгледа вака:

🥇 Црна Река
🥈 Фреигхт Оне
🥉 Перо и Тајфата
4️⃣ Дивино

По завршувањето на турнирот беа доделени и индивидуалните признанија. За најдобар играч беше избран Тале Трајков, признанието за најдобар голман му припадна на Филип Гигов, додека титулата најдобар стрелец ја понесе Никола Димов.

Од организацискиот одбор порачаа дека успешно е затворено уште едно поглавје од турнирот, со желба традицијата да продолжи и во иднина, а на сите учесници и поддржувачи им упатија благодарност за придонесот во уште едно успешно издание на оваа спортска манифестација.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!