Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново со пет нови потписи продолжува да го гради тимот за историската прволигашка сезона

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија Арачиново
Сподели

Фудбалскиот клуб Шкендија Арачиново продолжува активно да се засилува во пресрет на својата дебитантска сезона во Првата македонска фудбалска лига. Раководството на клубот официјално претстави уште пет нови фудбалери кои ќе го носат дресот на тимот во новиот шампионат.

Нови членови на Шкендија Арачиново се Мартин Тодоров, Хадис Велии, Аритон Мехмед, Есмин Личина и Сумер Хасан.

Дваесет и двегодишниот Мартин Тодоров настапува на позицијата десен бек и пристигнува од Тиквеш. Искусниот 36-годишен голман Хадис Велии се враќа во македонскиот фудбал по настапите во косовскиот шампионат. Дефанзивците Есмин Личина и Сумер Хасан доаѓаат од редовите на Башкими, додека Аритон Мехмед, кој игра на позицијата десно крило, во Арачиново пристигнува од Работнички.

Со овие засилувања, Шкендија Арачиново дополнително го зајакнува ростерот во пресрет на најголемиот предизвик во клупската историја. Клубот за првпат ќе настапува во Првата македонска фудбалска лига, откако минатата сезона го освои третото место во Втората лига, а потоа преку баражот со победа над Пелистер обезбеди историски пласман во елитното друштво.

Новата сезона во Првата лига започнува на 25 јули, а Шкендија Арачиново првиот предизвик ќе го има на гостински терен против актуелниот шампион Струга, каде ќе го започне своето историско прволигашко патување.

Сподели

Не пропуштајте

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Македонија вечерва против Полска, шампионот кој не знае за пораз на ЕП!

Апсолутниот фаворит во групата Б и актуелен бранител на титулата на ЕвроВолеј 2026, Полска, е следниот противник на македонската одбојкарска репрезентација. Дуелот од...

Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во Струмица, со почеток од 19:00 часот, ќе се соочат екипите на...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Меч под рефлектори во Струмица: Беласица и Тетекс вечерва во битка за три бода

Петтото коло од Втората македонска фудбалска лига носи натпревар под рефлектори. Во...

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Пчиња победнички ја отвори сезоната, Речица и Победа од Тромеѓа ги поделија бодовите

Со два натпревари започна новата сезона во Трета лига Регион 2, сезоната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!