Прва лигаФудбал

Арсими ја засили офанзивата со Колумбиецот Диего Контрерас

Сподели
ФОТО: ФК Арсими
Сподели

Новиот прволигаш Арсими продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за претстојната сезона, а најново засилување во редовите на тимот од Чегране е колумбискиот напаѓач Диего Контрерас.

22-годишниот офанзивец пристигнува од албански Партизани, каде што со своите настапи во изминатата сезона се наметна како едно од најпријатните откритија во шампионатот и го привлече вниманието на повеќе клубови од странство. Пред ангажманот во Албанија, Контрерас настапуваше за Јагуарес во елитната лига на Колумбија.

Арсими го обезбеди неговиот потпис на едногодишна позајмица, реализирана благодарение на успешната соработка и постигнатиот договор меѓу македонскиот и албанскиот клуб. Воедно, од клубот посочуваат дека овој трансфер е уште една потврда за одличните односи, меѓусебната доверба и почит што постојат меѓу двете раководства.

Во Чегране веруваат дека Контрерас ќе донесе дополнителен квалитет во нападот и со своите голови ќе помогне во остварувањето на клупските амбиции во новата сезона.



Арсими ќе ја започне својата прволигашка авантура на 25 јули, кога во првото коло од Првата македонска фудбалска лига ќе гостува кај Тиквеш во Кавадарци.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот од Арачиново игра совршено, Скопје ја бара првата сезонска...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Дебитантот од Арачиново брка излез во Европа, Скопје е на дното, Шкендија на врвот

По седум кола и првата „лупа“ на табелата во Првата македонска фудбалска...

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!