ИнтернационалциФудбал

Шкендија со убедлива „петарда“ против Европа, вицешампионот веќе гледа во следната рунда

Сподели
ФОТО: ФК Шкендија
Сподели

Македонскиот вицешампион Шкендија направи одличен чекор кон пласман во второто квалификациско коло од УЕФА Конференциската лига, откако на гостувањето во Гибралтар ја декласира Европа со убедливи 5:0.

Избраниците на Артим Положани одиграа сигурен и доминантен натпревар, во кој уште еднаш ја потврдија фаворитската улога и практично го решија прашањето околу победникот во двомечот уште по првиот натпревар.

По неколку воведни обиди на двете страни, Шкендија поведе во 28. минута преку Ндзенге, кој успешно ја заврши одличната акција на тетовскиот состав за предност од 1:0 на полувремето.

Во продолжението, гостите целосно ја презедоа контролата. Фабрис Тамба беше двоен стрелец, погодувајќи во 52. и 75. минута, додека новото засилување Алмир Криезиу во 83. минута го постигна својот дебитантски погодок во дресот на Шкендија. Конечните 5:0 ги постави искусниот Бесарт Ибраими во самиот финиш на натпреварот.



Со оваа убедлива победа, Шкендија е на чекор до пласман во следната квалификациска рунда, каде што, доколку ја потврди предноста, ќе се соочи со словенечки Браво.

Реваншот меѓу Шкендија и Европа ќе се одигра следниот четврток на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, каде тетовци ќе имаат можност само да ја заверуваат визата за продолжување на европскиот настап.



Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!