Ракомет

Се враќа голгетерот: Наум Костов повторно во Куманово

Сподели
Сподели

Куманово ќе има добро познато име во своите редови за претстојната сезона, откако Наум Костов повторно се враќа во клубот по тригодишна пауза. Десното крило, кое во минатото беше еден од лидерите на тимот, повторно ќе го облече кумановскиот дрес.

Костов, зад себе има настапи за Охрид, Куманово, Аеродром и Струга. По периодот минат во овие клубови, повторно се враќа во средина каде ги одигра едни од своите најдобри партии.

Во својот претходен мандат во Куманово, тој беше меѓу најрасположените играчи во офанзивата. Со одличната реализација од десната крилна позиција, брзите контранапади и ефикасноста пред противничкиот гол, често се наоѓаше на врвот на листата на стрелци, а во повеќе натпревари беше и прво име на тимот.

Токму поради тие настапи, кумановскиот клуб повторно се одлучи да го врати во своите редови. Фактот што одлично ја познава атмосферата и начинот на работа во клубот треба да му овозможи брзо да се адаптира и веднаш да биде значајна алка во составот.

Со враќањето на Костов, Куманово продолжува со формирањето на ростерот за новата сезона, во која целта ќе биде создавање поконкурентен тим и подобри резултати во домашното првенство. Во клубот веруваат дека искуството и квалитетите на искусното десно крило ќе бидат важен адут во остварувањето на тие амбиции.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани продолжува со градењето на тимот, Бесарт Реџепи е ново име во бело-зелениот дрес

Дебитантот во Втора лига, Камјани продолжува со активностите околу формирањето на составот за историската сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување...

Втора лигаФудбал

(ФОТО) Пелистер продолжува со „ремонтот“: Шест нови имиња во битолскиот состав

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со интензивното екипирање на тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако денес официјално претстави уште шестмина...

Поврзани написи
Ракомет

ФОТО: РК Радовиш го формира тимот за новата сезона, потпишани десет ракометари

Ракометниот клуб Радовиш ги започна активностите околу формирањето на играчкиот кадар за...

Ракомет

Талески потпиша за Охрид: „Охрид заслужува големи ракометни успеси“

ГРК Охрид продолжува со сериозното засилување на играчкиот кадар за новата сезона,...

Ракомет

Ракометарките на Струга 2024 на прием кај градоначалникот Ќура по успешната сезона и освоеното трето место

Градоначалникот на Општина Струга, Менди Ќура, оствари средба со ракометарките на Женскиот...

Ракомет

Еурофарм Пелистер 2 се засили со Илиески и Симоноски

Ракометниот клуб Еурофарм Пелистер 2 продолжува со екипирањето на составот за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!