Турнири

Вечерва спектакл на турнирот во Конче – дерби натпревари кои задолжително треба да се проследат!

Сподели
Сподели

Турнирот во мал фудбал во Конче продолжува со нова возбудлива вечер, во која на програмата се натпревари од осминафиналната и четвртфиналната фаза.

Програмата започнува во 20:00 часот со дуелот меѓу Украс Инг и Мастер Мустафа Бербер, а еден час подоцна силите ќе ги одмерат Фурна Марфи и Дивино.

По комплетирањето на осминафиналните пресметки, следуваат и два четвртфинални натпревари. Од 22:00 часот Фреитх Оне ќе се сретне со победникот од дуелот Украс Инг – Мастер Мустафа Бербер, додека од 23:00 часот Перфект Дизајн и Еуродом Проект ќе игра против победникот од натпреварот меѓу Дивино и Фурна Марфи.

Организаторите ги повикуваат љубителите на малиот фудбал повторно да бидат дел од атмосферата во Конче, каде покрај квалитетните и неизвесни натпревари ќе можат да уживаат во вкусна скара, ладно пиво и палачинки.

Организаторите најавуваат дека првите два натпревари ќе бидат само вовед во вистинскиот спектакл кој ќе следува во четвртфиналето, со очекување трибините повторно да бидат исполнети и навивањето да помине во духот на фер-плејот.

Спортска Мрежа и оваа година е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал во Конче и ќе продолжи да ги следи сите случувања, резултати и најинтересни моменти од ова традиционално спортско натпреварување.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги започна подготовките за новата сезона. Битолчани имаат една јасно поставена цел...

Турнири

Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски се „распукаа“ за влез во полуфиналето на „Петровден 2026“ во Мешеишта

Екипите на Хотел и Спа Инекс Олгица и Др. Баткоски многу лесно се пласираа во големото полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: АСП Пак преку пенали до полуфинале, Златар Бени Ерол лесно помина против Чардак Велгошти

Првите екипи кои обезбедија полуфинале на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“...

Турнири

Вечерва стартува четвртфиналето на турнирот „Петровден 2026“ во Мешеишта

Од вечерва започнува четвртфиналната фаза на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!