ИнтернационалциФудбалФутсал

Македонскиот шампион Проект ги дозна ривалите во Лигата на шампионите

Сподели
ФОТО: КМФ Проект
Сподели

Македонскиот футсал шампион Проект ги доби противниците за настапот во прелиминарната рунда од Лигата на шампионите за сезоната 2026/27, по денешната ждрепка што се одржа во седиштето на УЕФА во Нион.

Тимот од Јосифово ќе игра во исклучително силна група, каде за ривали ќе ги има шампионите на Словенија – Врхника, Австрија – Атлетик Грац и Израел – Макаби. Натпреварите од оваа фаза ќе се одиграат во периодот од 25 до 30 август.

Од клубот порачаа дека со голем респект гледаат кон секој противник, но без страв ќе влезат во сите натпревари, нагласувајќи дека е голема чест да се претставува Македонија на европската сцена.

Целта на Проект останува непроменета – максимален ангажман и борба за пласман во следната фаза.

„Не ја добивме најлесната група, ниту ја баравме. Баравме можност да покажеме кои сме“, порачаа од македонскиот шампион по ждрепката.

Проект во квалификациите влегува по историска сезона, во која за првпат ја обедини двојната круна во македонскиот футсал. Тимот ја освои втората шампионска титула и првиот Куп на Македонија, при што до двата трофеи стигна без ниту еден пораз и без ниту едно реми – доминација што го потврди како најдобар македонски футсал состав во изминатата сезона.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!