Кошарка

МЗТ Скопје се враќа во Европа по две и пол децении, „сино-белите“ ќе играат во ФИБА Еврокупот

Сподели
Сподели

Нови предизвици, нови европски возбудувања и големо враќање на меѓународната сцена за македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром. Клубот официјално потврди дека во сезоната 2026/27 повторно ќе биде дел од ФИБА Еврокупот, со што по пауза од две ипол децении се враќа во ова европско натпреварување.

Покрај настапите во АБА2 лигата и домашното првенство, „сино-белите“ ги очекува и европска авантура во која ќе се соочат со квалитетни противници од повеќе земји. Во групната фаза МЗТ Скопје ќе одигра најмалку 10 европски натпревари, а имињата на ривалите ќе бидат познати по ждрепката која ќе се одржи на 16 јули во Минхен.

Враќањето на европската сцена е уште една потврда за континуираниот развој на клубот и амбицијата МЗТ Скопје повторно да биде вистински амбасадор на македонската кошарка надвор од границите на државата.

Пред шампионот е долга и предизвикувачка сезона со голем број натпревари, силни противници и нови можности за докажување. Клубот од Аеродром останува фокусиран на својата цел – достоинствено претставување на македонскиот спорт, конкурентност на секој терен и продолжување на традицијата која со децении го прави МЗТ Скопје симбол на македонската кошарка.

Европа повторно доаѓа во „Јане Сандански“, а МЗТ Скопје подготвува ново поглавје во својата богата историја.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Познати судиите за европскиот предизвик на Проект против Грац

Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува настапот во претквалификациите за Лигата на шампионите, со натпревар против домаќинот и шампион...

ФудбалФутсал

„Blue Box“ – арената во Грац во која македонскиот шампион Проект ќе ги игра мечевите од ЛШ

ГРАЦ, АВСТРИЈА – Македонскиот футсал шампион Проект вечерва од 20:00 часот го започнува својот европски предизвик во претквалификациите за Лигата на шампионите, а...

Поврзани написи
Кошарка

ОФИЦИЈАЛНО: КК Соколи 1993 од Штип се новиот Суперлигаш во македонската кошарка!

Кошаркарскиот клуб Соколи 1993 од Штип и официјално ќе биде дел од...

Кошарка

КФМ: Осум екипи ги исполнуваат условите за Првата кошаркарска лига – жени

Кошаркарската федерација на Македонија соопшти дека по усвојувањето на жалбите од Арбитражната...

Кошарка

Старделов останува помошник тренер на КК Кожув, но ќе има и нова задача

Живко Старделов и во новата сезона ќе биде дел од стручниот штаб...

Кошарка

Атанасов: Целта е победа на секој натпревар и атак на секој трофеј

По првата недела од подготовките, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов, даде...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!