Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Женската репрезентација У18 ги стартуваше подготовките за ЕП во Тулчеа

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Женската јуниорска репрезентација на Македонија ги стартуваше подготовките за Европското првенство од Дивизија „Б“, кое ќе се одржи од 31 јули до 9 август во Романија.

Со првиот тренинг во малата сала на СЦ „Кале“ во Скопје, избраничките на селекторот Виктор Петровски го означија почетокот на подготовките за настапот на континенталниот шампионат. Македонската селекција ќе игра во групата „Д“, каде ќе се соочи со репрезентациите на Грција, Словачка, Данска и Велика Британија.

До почетокот на Европското првенство, стручниот штаб ќе работи на подигнување на формата и воигрување на тимот. Првите проверки се закажани веќе за претстојниот викенд, кога македонските јуниорки ќе одиграат два контролни натпревари на гостински терен против соодветната селекција на Бугарија.

На списокот на селекторот Петровски се наоѓаат: Јана Пислевска, Теа Трајковска, Марија Димитровска, Дора Алексова, Вања Милосављевиќ, Теодора Мариновска, Нина Карајанова, Глорија Груевска, Ива Колева, Сиандра Зиба, Дарија Панкова, Лилјана Ѓорѓиева, Душица Мицева, Александра Богојевска, Сара Митановска и Ангелина Ангеловска.

По првиот тренинг, селекторот Виктор Петровски истакна дека најголемиот дел од репрезентативките веќе имаат заедничко искуство од настапот на неодамнешниот турнир во Романија.

„Овој ростер е речиси истиот што настапи на турнирот во Романија за репрезентации до 17 години, каде одигравме три натпревари кои ни беа исклучително корисни. Во овие неколку дена ќе го обновиме она што го работевме претходно, бидејќи веќе за викенд нè очекуваат и првите контролни натпревари. Согласно со планот, ќе одиграме два натпревари против јуниорската репрезентација на Бугарија на гостински терен.

Имаме доста млад состав, кој на Европското првенство ќе биде меѓу најмладите репрезентации. Недостатокот на искуство ќе се обидеме да го надополниме со брза и агресивна игра, како во текот на подготовките, така и на самиот шампионат во Романија“, изјави Петровски.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!