ИнтернационалциФудбал

Вардар поразен од КуПс на стартот од Лигата на шампионите, финците со два гола предност пред реваншот

Сподели
ФОТО: ФК Вардар АД
Сподели

Вардар не успеа со позитивен резултат да ја започне европската авантура во Лигата на шампионите.

Македонскиот шампион на Арената „Тодор Проески“ загуби со 0:2 од финскиот првак КуПс, кој со оваа предност ќе патува на реваншот.

Пред околу 4.000 гледачи, Вардар имаше неколку обиди преку Горан Закариќ и Бобан Николов, но не успеа да ја најде мрежата на противникот.

Клучниот момент се случи во финишот на првото полувреме, кога КуПс поведе по корнер. Брахима Магаса најдобро се снајде во шеснаесетникот и со удар со глава го совлада Давор Талески за 0:1.

Само што започна вториот дел, финскиот состав стигна и до втор погодок. Во 49. минута Боб Армах доби простор на левата страна и со силен удар по земја ја зголеми предноста на гостите.

Тренерот Кристијан Фабијани се обиде да внесе свежина со неколку измени, во игра влегоа Герсон Родригеш, Михаил Маневски, Немања Босанчиќ и Димитар Данев, но Вардар не успеа сериозно да го загрози голот на КуПс.

Најдобрата можност за намалување на резултатот ја имаше Бобан Николов во 73. минута, но неговиот удар заврши покрај дирекот. Во завршницата Вардар остана и со играч помалку по исклучувањето на Немања Босанчиќ поради два жолти картони.

Реваншот ќе се одигра за седум дена во Куопио, каде Вардар ќе има тешка задача да ја анулира негативата, а победникот од двомечот ќе се соочи со подобриот од дуелот меѓу Сабах и ТНС.

Сподели

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Камјани продолжува со градењето на тимот, Бесарт Реџепи е ново име во бело-зелениот дрес

Дебитантот во Втора лига, Камјани продолжува со активностите околу формирањето на составот за историската сезона во Втората македонска фудбалска лига, а најново засилување...

Втора лигаФудбал

(ФОТО) Пелистер продолжува со „ремонтот“: Шест нови имиња во битолскиот состав

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со интензивното екипирање на тимот за новата сезона во Втората македонска фудбалска лига, откако денес официјално претстави уште шестмина...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Камјани продолжува со градењето на тимот, Бесарт Реџепи е ново име во бело-зелениот дрес

Дебитантот во Втора лига, Камјани продолжува со активностите околу формирањето на составот...

Втора лигаФудбал

(ФОТО) Пелистер продолжува со „ремонтот“: Шест нови имиња во битолскиот состав

Фудбалскиот клуб Пелистер продолжува со интензивното екипирање на тимот за новата сезона...

Втора лигаФудбал

ФОТО: Пелистер ги започна подготовките за новата сезона – целта е враќање во Прва лига

Пелистер под водство на новиот шеф на стручниот штаб Борче Христов ги...

Прва лигаФудбал

Арсими ја засили офанзивата со Колумбиецот Диего Контрерас

Новиот прволигаш Арсими продолжува активно да го комплетира играчкиот кадар за претстојната...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!