Турнири

Златара Бени Ерол, Сатеска и Чардак Велгошти до четвртфинале: Пенал-драма и голеада на „Петровден 2026“ во Мешеишта!

Сподели
Сподели



Познати последните четвртфиналисти на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ кој се игра во Мешеишта.

И вечерва три мечеви со многу погодоци, на два натпревари имаше убедливи победници, а еден меч се решаваше со удари од белата точка.

Тежок пораз доживеа тимот на Гранит Х откако со 0:3 загуби од Златара Бени Ерол и ги заврши настапите. Херој за победничката екипа беше Доко Насер кој беше двоен стрелец, а еден гол постигна Љатив Фератоски.

Пред крајот на првиот дел Доко го отвори резултатот за водство од 0:1, а во финишот на мечот Фаратоски погоди за двојна предност, а потоа уште еден гол постигна Доко за конечни 0:3.

Неверојатен меч имаше меѓу Сатеска и Гостилница кај Мече откако „мечињата“ загубија на пенали по регуларните 2:2.

Резултатот го отвори Никола Тупанчески во 19. минута за водство од 1:0 на полувреме. Стартот од вториот дел донесе израмнување преку Арбен Бајрами на 1:1. Во 37. минута, истиот играч погоди за 1:2 и водство на „мечињата“, но радоста траеше само две минути кога Димитар Скепароски погоди за конечни 2:2.

Во пенал серијата за Сатеска сигурни реализатори беа Никола Скепароски, Димитар Скепароски, Бојан Тупанчески и Даниел Митрески, за екипата на Гостилница кај Мече погодија Хадис Сулејмани и Дарко Гаврилоски.

Екипата на Чардак Велгошти патува во четвртфиналето откако со сигурна игра го доби Етно ресторан Дедо Димо со резултат од 3:1.



Давид Кармачоски и Лео Шопоски по пет минути игра обезбедија двојна предност за тимот од Велгошти. За „угостителите“ погоди Александар Јанкулоски во 20. минута и намали на 2:1.

 

Неизвесноста беше до 30. минута кога Давид Карамачоски со втор гол ги постави конечните 3:1.

Од утре стартува четвртфиналето, а на програмата ќе биде два натпревари. Првиот меч се игра во 21 часот, се среќаваат АСП Пак и Аце Најдески, еден час подоцна Златара Бени Ерол против Чардак Велгошти.

Спортска Мрежа годинава е медиумски покровител на овој спортски настан, кој има традиција од 51 година.



Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!