Останато

По историскиот успех на Вимблдон, Лина Ѓорческа на прием кај министерот за спорт Борко Ристовски

Сподели
ФОТО: Министерство за спорт
Сподели

Македонската тенисерка, која стана првата од земјава што настапила во главниот жреб на најпрестижниот светски тениски турнир, доби признание за својот голем успех и за афирмацијата на македонскиот спорт на меѓународната сцена.

На средбата, министерот на спорт Борко Ристовски и честиташе на Ѓорческа, нагласувајќи дека нејзиниот резултат претставува историски момент и инспирација за сите млади спортисти.

„Лина, да знаеш дека цела Македонија и сите нѐ направи многу горди и среќни. Ова што го направи е историски успех и доказ дека македонскиот спорт има луѓе кои можат да се натпреваруваат на најголемата светска сцена“, истакна министерот.

Ѓорческа се заблагодари за приемот и поддршката, посочувајќи дека настапот на Вимблдон е исполнување на еден од нејзините најголеми спортски соништа, но и дополнителен поттик за нови предизвици и успеси.

Во текот на разговорот беше отворена и темата за идниот развој на македонскиот тенис и индивидуалните спортови, при што беше истакната потребата од континуирана институционална поддршка за спортистите кои ја претставуваат Македонија на најголемите светски натпреварувања.

Од Министерството за спорт порачаа дека ќе продолжат да вложуваат во создавање подобри услови за развој на талентираните спортисти и ќе останат силен партнер на оние кои со своите резултати ја промовираат државата на меѓународната спортска сцена.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!