ИнтернационалциФудбал

Поранешниот играч на Силекс, Дарко Додев се сели во Казахстанското првенство

Сподели
ФОТО: Fc Altai
Сподели

По успешната сезона во дресот на прволигашот  Силекс, македонскиот фудбалер Дарко Додев ја продолжува својата кариера во странство. Дваесет и осумгодишниот офанзивец е нов член на казахстанскиот клуб ФК Алтај.

Додев зад себе остави одлична сезона со Силекс, во која беше еден од клучните играчи на тимот и имаше значаен придонес во освојувањето на Купот на Македонија. Во домашното првенство и Купот одигра вкупно 26 натпревари, постигна пет погодоци и запиша девет асистенции.

Одличните настапи не останаа незабележани, па Додев доби и повик во македонската сениорска репрезентација за пријателските натпревари против Босна и Херцеговина и  Турција.

Со трансферот во Алтај, Додев ќе има можност за нов интернационален предизвик и да го потврди својот квалитет и на казахстанската фудбалска сцена.

Во текот на својата кариера, Додев има настапувано за повеќе македонски клубови, меѓу кои  Металург , Брегалница, Шкупи, како и за Силекс, каде го имаше својот најзабележителен период во домашниот фудбал. Покрај настапите во Македонија, тој има искуство и во странство, настапувајќи Влазними.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Артуро Ди Џакомо: Модерната одбојка бара модерно судење! Судиите ќе се развиваат во менаџери на натпреварот

Претставниците на македонската одбојкарска заедница кои во саботата присуствуваа на Редовниот годишен семинар за судии и делегати, одржан во хотелот „Холидеј Ин“ во...

Останато

Кенијците доминираа, Дарио Ивановски трет на Скопскиот маратон

Кенискиот атлетичар Дерик Чеге Њороге е победник на 22. издание на Скопскиот маратон, кој вчера се одржа на улиците во главниот град пред...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!