Дебитантот во Првата македонска фудбалска лига, Шкендија од Арачиново е најактивен клуб на трансфер пазарот, а најново име во тимот на Берат Имери е Миле Тодоров, кој доаѓа од редовите на ланскиот прволигаш Брера Струмица.
Се работи за фудбалер кој ги помина младинските категории на Работнички, настапи за сениорскиот тим, потоа градеше меѓународна кариера во Хрватска настапувајќи за Новиград и вториот тим на Осиек, беше дел од Радник Бијелина во БиХ, по што се врати во македонскиот фудбал настапувајќи за прилепска Победа, Скопје, Тиквеш, одново Работнички и Брера Струмица.
Тодоров кој е играч за врска и некогашен младински репрезентативец на Македонија има 26 години.
Тимот од Арачиново гради конкурентен тим со капацитет за високи дострели во прволигашкиот шампионат.