Ракомет

Еден од хероите за европската титула повторно ќе го носи дресот на Охрид!

Сподели
ФОТО: ГРК Охрид
Сподели

ГРК Охрид ја обезбеди иднината со еден од хероите заслужни за европската титула. Имено, јапонскиот среден бек- Косуке Јасухира повторно ќе го облече дресот на „гладијаторите“, откако клубот постигна договор за негово враќање од сезоната 2027/28.

Иако охридскиот клуб вложи максимални напори Јасухира да остане и ова лето, тоа не беше возможно поради неговиот важечки договор со Бурган од Кувајт, кој трае до 2027 година. По неговото истекување, Јапонецот ќе се врати крај Охридското Езеро и ќе остане најмалку до 2029 година.

Јасухира беше еден од клучните играчи во историскиот поход на Охрид до трофејот во ЕХФ Европскиот Куп, па неговото враќање претставува значајна вест за клубот и навивачите.

„Среќен сум што само по една сезона ќе се вратам во клубот со кој го освоив првиот европски трофеј. Рибари и охриѓани, се гледаме за кратко и заедно ќе атакуваме по уште многу титули“- изјави Јасухира.

ФОТО: ГРК Охрид

Во меѓувреме, Охрид продолжува со подготовките за новата сезона. Во тимот веќе пристигнаа седум нови имиња – Доминик Мате, Мартин Ивановски, Мартин Карапалевски, Никола Зечевиќ, Шуичи Јошида, Дино Славиќ и Адама Кеита, а клубот сè уште го очекува и одговорот од ЕХФ за апликацијата за вајлд-карта за настап во Лигата на Европа. Доколку не добие место во тоа натпреварување, Охрид повторно ќе настапува во ЕХФ Европскиот Куп.

ФОТО: ГРК Охрид

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна игра славеа над Струга со 33-16. Избраниците на Борис Ројевиќ уште...

Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската федерација на Македонија (КФМ), со што дополнително се зајакнува партнерството меѓу...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!