Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Ние сме максимално подготвени, се е на нас како ќе одиграме

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската машка кошаркарска репрезентација вечерва со почеток од 18:00 часот во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје ја пречекува селекцијата на Ирска во натпревар од петтото коло од претквалификациите за Евробаскетот 2029.

По повеќе од две недели интензивни подготовки, избраниците на селекторот Жозеп Марија Берокал се подготвени за нов предизвик и продолжување на победничката серија во групата „А“.

Македонија во овој натпревар влегува како лидер во групата со максимален учинок од четири победи во исто толку одиграни натпревари. Еден од тие триумфи беше и убедливата победа во Даблин од 88:76, со која нашата селекција ја потврди фаворитската улога.

Селекторот Берокал истакна дека е задоволен од сработеното во изминатиот период и од пристапот на репрезентативците, кои успешно го прифатиле неговиот систем на работа. Очекувањата се Македонија со уште една добра партија да стигне до петтата победа и да остане на врвот на табелата во пресрет на завршницата од претквалификациите.

„Од ден во ден тимот е подобар, мораш да работиш за да се подобруваш. Тимот расте и покрај потребата често да менуваме. Го немавме истиот ростер, некој доаѓаше, некој си одеше, се менуваа Американците. Но, во последната седмица имав 15 играчи за работа, на кои сметам за натпреварот против Ирска и сакав да бидат добро подготвени. Среќен сум од она што го гледам од екипата. Играчите сакаат да играат, имаат желба и се држат до тактиката. Сакаме да го завршиме овој прозорец со добри натпревари и резултати“, истакна Берокал.

Шпанскиот стратег потенцира дека концентрацијата и максималниот пристап ќе бидат неопходни против секој противник и тоа ќе биде клучно за да победат.

„Мора да бидеме на 100 проценти против секој ривал, затоа што ако не го дадеш најдоброто, тоа може да те казни. Мора да се фокусираме на работите кои можеме да ги контролираме. Ако не можеш да контролираш нешто, тогаш мораш да се вложиш и да го дадеш најдоброто од себе.“

Иако Македонија веќе еднаш ја совлада Ирска во овој квалификациски циклус, Берокал предупредува дека денешниот противник има променет состав и заслужува максимална почит.

„Ирска е различен тим од претходниот прозорец, има доста промени, многу нови играчи. Тоа може да биде и ризик, затоа што ќе играат растеретено, без притисок и ќе преземат ризик.“

Сепак, селекторот смета дека исходот најмногу ќе зависи од тоа како ќе изиграат македонските кошаркари.

„Ние сме подготвени, сè е на нас. Мора да се покажеме во добро светло, да ја одиграме најдобрата кошарка и да бидеме близу до победата. Прво ја гледаме Ирска, а Луксембург од оваа гледна точка изгледа далеку“, порача Берокал.

Македонија во натпреварот влегува како лидер во групата „А“ со осум бодови и максимален учинок од четири победи, додека Ирска има една победа и три порази. Денешната победа во Скопје би била уште еден чекор кон успешен финиш на претквалификацискиот циклус пред последното гостување во Луксембург.

ПРЕТКВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕВРОБАСКЕТ 2029

ГРУПА „А“

ДВОЈКИ 5 КОЛО

ДЕНЕСКА:

18.00: МАКЕДОНИЈА – Ирска

19.00. Луксембург – Азербејџан

ТАБЕЛА

1. МАКЕДОНИЈА 4 4 0 332:265 8

2.Луксембург 4 2 2 339:337 6

3.Азербејџан 4 1 3 285:335 5

4.Ирска 4 1 3 319:338 5

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалФудбалска репрезентација

ФФМ и ВИА ФАРМ со ново партнерство за медицинска поддршка на репрезентациите

Фудбалската федерација на Македонија и аптеките ВИА ФАРМ официјално започнаа соработка преку...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Успешно ЕП до 16 години, Македонија доби високи оценки од FIBA Europe!

Уште едно европско кошаркарско првенство успешно заврши во Македонија, оставајќи зад себе...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Јован Шапе: Засега подготовките течат одлично

По десетдневниот период посветен на интензивна физичка подготовка, машката репрезентација на Македонија...

Одбојкарска репрезентацијаРепрезентација

Селекторот Деан Стојанов ги одбра 14 те одбојкарки кои ќе патуваат во Мостар

Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 20 години, Деан Стојанов, ги...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!