Вечерва на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“ се одиграа четири натпревари.
Што се однесува до сениорските натпревари, екипата на Украс Инг забележа победа откако со 9:3 ги доби Млади Таленти, а потоа загуби со 2:5 од Интерпласт.
Кај пионерите Ајдин Конче со 8:6 го доби тимот на Конче, а пак кај кадетите Тобако Јаков со 9:5 беше подобар од Дедино.
- Утрешната програма нуди четири мечеви
20:00 Резиденција Милеви – Млади Волци (кадети)
20:45 Фурна Марфи – Злеово
21:30 Фурна Марфи – Украс Инг
22:15 Злеово – Украс Инг
Спортска Мрежа и годинава е медиумски покровител на овој спортски настан.