Останато

Летниот преоден рок во македонската одбојка е отворен, почна и пријавувањето за новата сезона

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање! | АРХИВА
Сподели

Со почетокот на јули официјално стартуваа подготовките за новата одбојкарска сезона во Македонија. Одбојкарската федерација на Македонија од вчера, 1 јули, го отвори летниот преоден рок за домашните одбојкари и одбојкарки, кој ќе трае до 31 август 2026 година.

Преодниот рок се однесува на играчите кои настапуваат во клубовите од националните првенства, додека за странските одбојкари можноста за трансфер ќе биде отворена до почетокот на новата натпреварувачка сезона, во согласност со правилата на Светската одбојкарска федерација (ФИВБ).

Во меѓувреме, ОФМ го започна и процесот за пријавување на клубовите за учество во националните првенства за сезоната 2026/2027. Рокот за пријавување е до 15 август, по што Федерацијата ќе го утврди системот на натпреварување во зависност од бројот на пријавени екипи.

Со овие активности и официјално започнуваат подготовките за новата домашна одбојкарска сезона, во која клубовите ќе имаат можност да ги комплетираат своите состави пред почетокот на првенствата.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!