Ракомет

Тиквеш продолжува со засилувањата, младиот Борјан Цековски пристигна во Кавадарци

Сподели
ФОТО: ГРК Тиквеш
Сподели

ГРК Тиквеш продолжува да го комплетира ростерот за новата сезона, а ново име во редовите на кавадаречкиот суперлигаш е 19-годишниот кружен напаѓач Борјан Цековски, кој важи за еден од најперспективните млади пивоти во македонскиот ракомет.

Цековски доаѓа од редовите на Куманово, а во својата досегашна кариера настапуваше и за КЛ7 Свети Николе, Овче Поле и Радовиш. Дел од сезоната 2024/25 ја мина и во дресот на Младост Богданци, каде играше како позајмен ракометар.

Со неговото ангажирање, Тиквеш уште еднаш потврдува дека покрај искусните играчи, сериозно смета и на младите домашни ракометари, кои треба да бидат важен дел од иднината на клубот.

Цековски е третото летно засилување на кавадаречкиот состав. Претходно клубот ги промовираше искусните леви бекови Тоше Ончев и Мохамед Азиз Бен Махфуд, со што значително ја засили бековската линија, а сега дополнително ја освежува и позицијата кружен напаѓач.

По успешната мината сезона, во која Тиквеш го освои шестото место во суперлигашкиот плеј-оф, клубот со големи амбиции влегува во новите предизвици. Покрај домашното првенство, кавадаречкиот состав се пријави и за настап во ЕХФ Европскиот куп, па раководството активно работи на создавање конкурентен тим кој ќе може достојно да одговори на обврските на домашната и меѓународната сцена.

Со тренерот Кристијан Грчевски, кој останува на клупата и во новата сезона, Тиквеш продолжува со континуитетот во работата и со јасна цел – уште поконкурентни настапи и нови успеси.

Сподели

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кичевски Напредок убедливо ја стартуваше новата сезона – висок триумф над Демир Хисар

Напредок со висока победа од 4:1 преку пресврт над Демир Хисар ја отвори новата сезона во Трета лига Регион 5, со што стартуваше...

Трета лигаФудбал

ВИДЕО: ГФК Победа пред полни трибини тргна со „шестка“, Вардар Неготино доживеа дебакл од Бучин, радост во Пепелиште

Новата сезона во Трета лига – Регион 4 стартуваше со четири натпревари кои беа одиграни вчера, а на кои беа постигнати фантастични 25...

Поврзани написи
Ракомет

„Добро бевме подготвени за натпреварот, а тоа го покажавме и на теренот“ – Ивановски по триумфот на Охрид во Езерското дерби!

Охрид убедливо го доби Езерското дерби, откако „гладијаторите“ со сигурна и доминантна...

Ракомет

ФОТО: Младост прокоцка голема предност и на крај загуби од Прилеп

Ракометарите на Младост беа на чекор од првата сезонска победа, но на...

Ракомет

Охрид ‘безмилосен’ во Езерското дерби: „Гладијаторите“ со убедливи 33-16 против Струга

ГРК Охрид стигна до првата победа во новата сезона во Супер лигата,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!