Прва лигаФудбал

Борјан Пановски е нов играч на Силекс

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го засилува својот играчки кадар во пресрет на новата сезона. Нов член на кратовскиот прволигаш е 25-годишниот десен бек Борјан Пановски, кој пристигнува од редовите на Башкими.

Пановски важи за искусен фудбалер на домашната сцена, а во својата кариера настапуваше за повеќе македонски клубови. Покрај клупските настапи, тој беше дел и од младата репрезентација на Македонија, каде што ги покажа своите квалитети.

Со ангажманот на Пановски, Силекс добива дополнителна стабилност и конкуренција на десната бековска позиција, а клубот продолжува со формирањето на тимот кој ќе има високи амбиции во домашното првенство и европските натпреварувања.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а...

Втора лигаФудбал

АНАЛИЗА: Охрид има најдобар напад, Пелистер најцврста одбрана, а Работнички го притиска врвот

Детална анализа на Втората македонска фудбалска лига по 11. коло Охрид Лихнидос...

ФудбалЧетврта лига

ВИДЕО: Горски преку Китановски и Колашинац до три бода, домашни победи за Младост и Раштани Спорт

Три домашни и една гостинска победа донесе 6. коло на Општинската фудбалска...

ФудбалФутсал

(ФОТО) Ниту „Д“ од дерби во Кавадарци: Црна Река го декласираше Балкан со 14 гола!

Наместо дерби во „Јасмин“ тотална доминација на Црна Река, откако со 14:4...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!