Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Какруки: Ќе дадеме се од себе да победиме и ќе играме максимално ангажирано против Ирска

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Македонската кошаркарска репрезентација ги продолжува подготовките за следниот натпревар од претквалификациите за Европското првенство 2029, а во пресрет на дуелот со Ирска своите очекувања ги сподели Ваљмир Какруки.

Крилниот кошаркар се потсети на првиот меѓусебен натпревар во Даблин, кој не го памети по добро, иако Македонија тогаш славеше победа. Какруки на тој меч заработи повреда на бутниот мускул, поради која беше принуден да паузира од кошарката одреден период.

Сепак, повредата е минато, а Какруки целосно е насочен кон новите предизвици. Новото засилување на косовскиот Башкими истакнува дека е максимално подготвен да му помогне на националниот тим во обидот да стигне до нов триумф и успешен старт на претквалификацискиот циклус.

„Супер ги минавме подготовките. Имавме два контролни натпревари со Бугарија и можам да кажам дека сме подготвени за следниот меч со Ирска во претквалификациите. Ни требаше малку време да се запознаеме сите подобро, но мислам дека периодот што го поминавме заедно беше доволен за да се подготвиме за следните предизвици“, вели Какруки.

Македонија во овој циклус ќе настапи со променет состав, но според Какруки тоа нема да биде пречка за исполнување на нивната цел.

„Факт е дека половина од тимот ќе биде нов, но нашиот фокус е кон натпреварот со Ирска. Ќе дадеме сè од себе да победиме и ќе играме максимално ангажирано. Се надевам на победа, затоа што верувам дека сме подобар тим од ривалот кој ни доаѓа во Скопје“, додава тој.

Дуелот со Ирска ќе биде нов тест за избраниците на селекторот, кои сакаат со победа да го продолжат патот кон пласман на Евробаскетот 2029.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Трета лигаФудбал

Аеродром и БВК Коњаре со гостински победи, Студеничани до три бода во дуелот со Ржаничино

БВК Коњаре забележа гостинска победа од 0:2 над Кул Здравје, во меч од 4. коло на Трета лига регион 1. Флорент Османи го...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!