Фудбал

ФФМ ја подготвува новата стратегија за развој на македонскиот фудбал во соработка со УЕФА

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија, во соработка со УЕФА, интензивно работи на изработка на новата стратегија за развој на македонскиот фудбал, која ќе ги постави насоките за работа и развој во наредните пет години.

Во рамките на овој процес беше одржана работна средба меѓу претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, претставници на Федерацијата и експерти од УЕФА – Илија Китиќ, Олександр Кучерјави, како и менторите Адам Вокер и Маркус Мекдоналд. На состанокот беа анализирани актуелната состојба во македонскиот фудбал и финансиското работење на Федерацијата, со цел да се дефинираат приоритетите за идниот развој.

ФОТО: ФФМ

Еден од главните заклучоци е дека ФФМ ќе продолжи со политика на рационално и одговорно управување со финансиските средства. Иако во изминатиот период беа направени значителни намалувања на одредени трошоци, оценето е дека и понатаму ќе биде неопходно дополнително кратење на непродуктивните расходи, со што поголем дел од буџетот ќе биде насочен кон развојот на фудбалот, младинските категории, инфраструктурата и натпреварувањата.

Како дел од подготовката на стратегијата, Федерацијата за првпат го заврши процесот на целосно мапирање на фудбалската инфраструктура и терените низ државата. Врз основа на тие податоци, заедно со демографските анализи и останатите релевантни показатели, ќе се определуваат идните инвестиции и развојни проекти, со цел средствата да бидат насочени таму каде што се најпотребни.

ФОТО: ФФМ

Во креирањето на новата стратегија активно учествуваат сите важни чинители во македонскиот фудбал – професионалните клубови, претставниците на grassroots фудбалот, тренерите, судиите, официјалните лица, фудбалерите, навивачите и партнерите на Федерацијата. Нивните предлози и искуства ќе бидат основа за создавање заедничка визија и јасно дефинирани цели за идниот развој на македонскиот фудбал.

ФОТО: ФФМ

ФФМ во целиот процес има силна поддршка од УЕФА, која преку својата експертиза и современи методологии ќе помогне во изработката на стратегија што ќе биде реална, одржлива и насочена кон долгорочен напредок. Крајната цел е создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа и унапредување на квалитетот на македонскиот фудбал во согласност со европските стандарди.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на фудбалската сцена, а во последниот пријателски натпревар пред стартот на сезоната...

Останати репрезентацииРепрезентација

(ФОТО) Историски успех за Изабела Зајков: Бронза на Светското првенство во самбо!

Голем успех за македонското самбо и македонскиот спорт! 15-годишната радовишанка Изабела Зајков освои бронзен медал на Светското првенство во самбо за кадети, кое...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Готен пред верната публика во Подареш го декласираше Илинден од Добрејци со ШЕСТ гола

Четвртолигашот Готен од радовишкото село Подареш продолжува со подготовките за враќањето на...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!