Кошарка

Прва сезонска победа за кошаркарите на Струмица, Охрид подобар од Мега Баскет!

Сподели
Сподели

Кошаркарите на КК Струмица остварија историска прва победа во Втората кошаркарска лига, славејќи во 9. коло на домашен терен.

Во последниот натпревар од ова коло, Струмица го совлада тимот на Партизан Водно Санс со минимални 78:76, радувајќи ги своите верни навивачи.

Најефикасен кај домаќините беше Исајлоски со 14 поени, додека Милески и Панов придонесоа со 11 и 10 поени. Кај Партизан Водно Санс, Башоски беше најефикасен со 25 поени, следен од Митев со 18, Трипуновски со 13, а Бутемер постигна 10 поени.

Во рамки на 9. коло ланскиот прволигаш Охрид со 76:66 славеше над Мега Баскет, а пак фаворитот Ангели според планто го совлада Работнички 2018 со 97:72.

Маџари беше подобар во дуелот со Бутел со 65:45, а пак Борец Баскет го доби дербито со струшки Црн Дрим со 87:73, додека пак Соколи со 93:53 беше подобар со МЗТ Скопје Уни Банка.

На табелата во врвот се Ангели, Соколи и Борец Баскет со 16 бодови, а пак Маџари и Црн Дрим го делат четвртото место со по 15 бодови.

    • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВТОРА КОШАРКАРСКА ЛИГА:
# Тим ОН Поб Пор КД КП КР Бод
1 Ангели 9 7 2 766 631 135 16
2 Соколи 1933 9 7 2 740 646 94 16
3 Борец Баскет 9 7 2 753 684 69 16
4 КК Маџари 2023 ад 9 6 3 800 687 113 15
5 Црн Дрим 007 9 6 3 744 732 12 15
6 ГКК Охрид ад 9 5 4 697 664 33 14
7 Мега баскет Лого 9 5 4 712 687 25 14
8 КК Бутел 9 4 5 722 732 -10 13
9 МЗТ Скопје Уни Банка 9 4 5 619 727 -108 13
10 Работнички 2018 9 1 8 669 745 -76 10
11 Водно Санс 9 1 8 777 901 -124 10
12 Навико Академија ФМП ад 9 1 8 595 758 -163 10

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Кошарка

Одредени се термините за одигрување на финалната фаза од „МТЕЛ“ Супер лигата

Со цел обезбедување на регуларност на натпреварувањето, еднаквост на условите за сите...

Кошарка

Кошаркарскиот караван ќе гостува во Охрид

Овој викенд, салата „Билјанини извори“ во Охрид ќе биде домаќин на уште...

Кошарка

Генералните секретари на европските национални федерации на работен состанок во Рејкјавик

Во рамки на настаните поврзани со Генералното собрание на ФИБА Европа, утре...

Кошарка

Шампионот во М20 кошаркарската лигата ќе биде промовиран во Гевгелија

Кошаркарскиот клуб „Кожув“од Гевгелија ќе биде организатор на завршниот турнир во М20...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!