Турнири

„Куклиш 2024“: Герасов вечерва доминираше со две победи – Христовски расположен за голови!

Сподели
Сподели

Вечерва беа одиграни нови три натпревари од Новогодишниот турнир во мал фудбал „Куклиш 2024“, а првиот меч донесе девет погодоци откако Еклектик со 7:2 однесе убедлива победа над Криго Трејд.

Седат Мамудов беше стрелец на четири погодоци, Тони Мичковски постигна два гола, а пак Славче Митовски постигна еден гол, додека пак кај поразениот тим Игор Вргов беше стрелец на двата гола.

Во вториот меч екипата на Герасов со 11:2 го декласираже Баджо Компани во секој сегмент на теренот. Љупче Христовски постигна четири погодоци, ВЛадимир Трендафиловиќ беше стрелец на три гола, Ненад Тодоровски беше двоен стрелец, а по еден гол имаа ФИлип Неделковски и Роберт Илиевски, за поразениот тим Сабри Садилов беше стрелец на двата гола.

Во третиот меч екипата на Герасов однесе уште една победа, овој пат потесна со Куклиш од 4:3.

Филип Неделковски беше двоен стрелец, Ненад Тодоровски и Теодор Наков постигнаа по еден гол, додека пак кај Куклиш стрелци беа Васко Дрвошанов, Филип Митрев и Јордан Николов.

Утре на програмата се нови три натпревари, а вечерта ќе биде отворена со натпреварот од 19 часот меѓу Христмил Банско и Чореви Транс, еден час подоцна Вистони ЖП ќе се соочи со Наше Мало, а пак во 21 часот Дрвош ќе игра против Еро Градба.


Спонзори и помагатели на „Куклиш 2024“ се Општина Струмица, Еклектик, Лав Комерц, Јови-МК, Никола Црнкаров, Агро-Драв-ВД, Едисон Јосе, Фреш Енд Драј, Криго-Каес, НП-Транс, Бимакс-Плус, Вен Воцар, Икарус, Стариот Џумбушлија, Христмил-Банско, Тера Пет Плус, Владо Банско, Печатница Дељо, Токи Еднокуќево, Термо-Митко и Флекс Компани.

Спортска Мрежа е медиумски покровител на овој спортски настан.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч со кој се отвори седмото коло во Првата женска фудбалска лига....

Ракомет

Ѓукиќ по триумфот над Прилеп: „Целта беше брзо да се одлепиме, и успеавме во тоа“

Ракометарите на Охрид остварија висока и убедлива победа на домашен терен, совладувајќи го Прилеп со 34-18. Тренерот Борис Ројевиќ по натпреварот истакна дека...

Поврзани написи
Турнири

Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“ со награден фонд од 250.000 денари – Брвеница подготвува голем фудбалски спектакл

Брвеница и оваа година ќе биде домаќин на Меморијалниот турнир „Жарко Кузмановски“,...

Турнири

Започна првиот меморијален турнир „Васил Рингов“ во чест на легендата на Вардар

На терените на Фудбалската федерација на Македонија денес и утре, за првпат...

Турнири

„Зоран Недев – Фелер Куп 2026“: Неготино десетти пат собра млади фудбалски таленти, застапен и женскиот фудбал!

Неготино и годинава беше во знакот на младинскиот фудбал со јубилејното издание...

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!