Втора лигаФудбал

Ѓорѓе Стојчев е нов шеф на стручниот штаб на АП Брера Струмица

Сподели
ФОТО: АП Брера Струмица
Сподели

Второлигашот  АП Брера Струмица го назначи Ѓорѓе Стојчев за нов шеф на стручниот штаб во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Станува збор за искусен стратег кој добро ја познава клупската средина, а со својата работа во изминатиот период ги оправда очекувањата на раководството.

Стојчев зад себе има исклучително успешна сезона како предводник на младинскиот тим на Брера, со кој ја освои двојната круна, триумфирајќи и во првенството и во Купот. Со тие резултати ја потврди својата стручност и способност за работа со млади фудбалери, што беше една од главните причини клубот да му ја довери првата екипа.

Подготовките за новата сезона ќе започнат на 13 јули, кога е закажан првиот тренинг на сениорскиот тим. Во текот на подготвителниот период Брера ќе одигра пет контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ќе ја темпира формата на фудбалерите, ќе испроба различни тактички варијанти и ќе го воигра составот пред стартот на новата сезона.

Во клубот веруваат дека со Стојчев на клупата на Брера ќе продолжи со развојот на младите фудбалери и ќе состави тим каде ќе биде конкурентен во борбата за што подобри резултати во ВМФЛ.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Турнири

Zo-Ell се намачи, Ozan Ajaz полесно до финале на „Црнилиште Куп 2026“

Zo-Ell и Ozan Ajaz обезбедија место во големото финале на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“. Вечерва публиката беше сведок на неверојатен...

Турнири

ФОТО: Перо и Тајфата со неверојатна победа преку пресврт, реми на Фурна Марфи и Интерпласт

Вечерва започна овогодишното издание на турнирот во мал фудбал „Конче 2026“, кој на стартот понуди четири атрактивни натпревари со многу погодоци. Првиот меч...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Иван Варадиновски нов тренер на второлигашот Новаци

Младиот стратег Иван Варадиновски е нов тренер на второлигашот Новаци, денес и...

ИнтернационалциФудбал

Наташа Андонова има нов клуб – кариерата ја продолжува во Швајцарија

Македонската фудбалска репрезентативка Наташа Андонова има нов клуб и кариерата ќе ја...

ИнтернационалциФудбал

Голем чекор во кариерата на Емили Митковска: Македонската голгетерка потпиша за St. Mihály

Една од најталентираните македонски напаѓачки, Емили Митковска, кариерата ја продолжува во Унгарија,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!