Останато

Историски успех за Лина Ѓорческа – избори учество на Вимблдон

Сподели
ФОТО: Тениска федерација на Македонија
Сподели

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира на главниот турнир на Вимблдон, како прва македонска тенисерка во поединечна конкуренција (ова важи и за мажите бидејќи Александар Китинов има настапи, но во игра на двојки).

Ѓорческа во третото коло од квалификациите – финалето ја победи Лусија Бронцети од Италија со 2:0 во сетови (61 62) за 73 минути игра. Ѓорческа во квалификациите постигна три победи, а претходно ги совлада Анхела Фита Болуда (Шпанија) и Франциска Жорге (Португалија). Денешната ривалка беше 20-та носителка во квалификации и 127. ма рангирана тенисерка.

Првиот сет и припадна убедливо на Ѓорческа со 6:1 во гемови, иако противничката го освои првиот гем со брејк, но потоа следуваше серија од шест гема за македонската тенисерка и сетот го доби за 31 минута.

Инаку мечот беше префрлен на теренот број 18, откако претходно на теренот број 10 каде што требаше да играат мечот во машка конкуренција траеше 4 часа и 46 минути и се играше во пет сета.

На стартот од вториот сет по водството на Бронцети од 1:0, во 2-иот гем Ѓорческа спаси осум брејк топки и по 20 одиграни поени изедначи на 1:1 во гемови, а потоа веднаш направи брејк за водство од 2:1 и предноста ја зголеми на 3:1. Во следните два гема немаше брејк и Ѓорческа ја задржа предноста од два гема – 4:2. Македонската тенисерка во седмиот гем направи уште еден брејк за водство од 5:2. Во следниот гем на свој сервис Ѓорческа само ја потврди победата и пласманот на Вимблдон.

Извлекувањето за главниот турнир ќе се одржи утре (петок).

Статистички Ѓорческа имаше 9 аса, ривалката 3, на мрежа нашата тенисерка освои 8 од 10 поени, притоа имаше 5 брејка од 9 можности и успеа да спаси дури 13 брејк топки во мечот. Во вкупниот број поени скорот беше 65:42 за Ѓорческа.

Сподели

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Останато

(ФОТО) Радовиш има нови шампиони! Team Carvalho освои десет златни и еден сребрен медал на Државното првенство!

Одличен настап, бројни медали и уште една потврда за квалитетната работа со...

Останато

(ФОТО) Штип УГД ја освои Струмица: Шампионот славеше во големото одбојкарско дерби по вистинска драма!

Актуелниот македонски одбојкарски шампион Штип УГД продолжува со максимален ефект во новата...

Останато

Ждрепка в недела, први борби в понеделник на Европското првенство во кик-бокс во Скопје

Европското првенство во кик-бокс во Скопје денеска почнува со пристигнување на делегациите,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!