Останати репрезентацииРепрезентација

Ивановски и Приходко без пораз до четвртфиналето на турнирот во Загреб

Сподели
ФОТО: ТФМ
Сподели

Македонските Дејвис куп репрезентативци Калин Ивановски и Олег Приходко обезбедија пласман во четвртфиналето на ИТФ М25 турнирот во Загреб, откако остварија победи во натпреварите од второто коло.

Ивановски славеше против Гркот Павлос Циципас со 2-0 во сетови (7:6(8), 7:5) по 2 часа и 13 минути игра. Првиот сет донесе голема борба без ниту еден брејк, а македонскиот тенисер беше поуспешен во тај-брејкот со 10:8. Во вториот сет Ивановски го направи клучниот брејк во 11. гем за водство од 6:5, по што сигурно го приведе мечот кон крај за конечна победа.

Приходко, пак, по голема борба го совлада Хлиб Секачов со 2-1 во сетови (6:0, 4:6, 6:4) за 2 часа и 11 минути. Тој доминираше во првиот сет, оставајќи го противникот без освоен гем. Во вториот сет Секачов успеа да возврати и да израмни на 1-1, но во решавачкиот дел Приходко направи брејк за водство од 4:3, што се покажа како клучно за конечниот триумф.

Подоцна во текот на денот македонските тенисери ќе настапат и во конкуренција на двојки. Ивановски ќе игра во тандем со Амар Хусеиновиќ, додека Приходко ќе настапи заедно со Андреј Чепелев.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Мега дерби во Свети Николе: Овче Поле – Победа Валандово, влез 100 денари

Денес на Градскиот стадион во Свети Николе ќе се одигра дербито на 4. коло во Третата лига – Регион 3, во кое силите...

ФудбалФутсал

Форца со шампионски амбиции: Лигата и Купот се главните цели, претставени новите засилуања

Поранешниот шампион Форца со големи амбиции влегува во новата сезона во Првата македонска футсал лига. По две последователни шампионски титули во сезоните 2023/24...

Поврзани написи
РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Македонија повторно без гол и без бодови: Шкотска со триумф си замина од Скопје

Фудбалската репрезентација на Македонија продолжува без победа и без постигнат гол во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

СТАРТНИ СОСТАВИ: Македонија против Шкотска ќе напаѓа со Миовски и Елмас

Македонија вечерва од 20:45 часот ја пречекува Шкотска на Националната арена „Тодор...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

ФФМ: Точни информации за цените и распределбата на билетите за Македонија – Шкотска

Фудбалската федерација на Македонија сподели информација околу билетите, како што велат од...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!