Турнири

ФОТО: Инекс Олгица го освои турнирот во Ресен, АСП Пак втор, тимот на Студио 13 до трето место!

Сподели
Сподели

Синоќа пред многубројна публика беа одиграни последните два натпревари со што успешно заврши Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал „Ресен 2026“.

Во големото охридско финале екипата на Инекс Олгица со 1:2 беше подобра од АСП Пак, со што тимот на Инекс Олгица е освојувач на „Ресен 2026“, а пак АСП Пак е второпласиран тим.

Во малото финале односно во борбата за третото екипата на Студио 13 со минимални 1:0 славеше над Пекара Александар, со што тимот на Студио 13 се искачи на победничкиот подиум.

Во индивидуални награди Александар Целески беше најдобар стрелец, а пак Оливер Митревски беше најдобар голман на турнирот, а признанието за најдобра млад голман го доби Апостол Папа.

Спортска Мрежа и годинава беше медиумски покровител на овој турнир, кој успешно беше организиран и годинава, со атрактивни натпревари, пресврти, многу погодоци и публика која секоја вечер уживање, а градот на јаболката уште еднаш се покажа како одличен домаќин за сите екипи од страна.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вардар го скрши отпорот на Нексе и сега го чека директна битка за финале на турнирот во Охрид

Ракометарите на Вардар 1961 стигнаа до втората победа на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски“ во Охрид, откако македонскиот шампион го совлада Нексе со 33-27....

Ракомет

Прилеп го совлада Мулти Есенс на „Миле Нешкоски“

Ракометарите на Прилеп продолжуваат во победнички ритам откако на Меморијалниот турнир „Миле Нешкоски“, пред своите гледачи во салата „Ристе Ристески – Ричко“ славеа...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!