Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Берокал: Фокусот е ставен на тоа како ќе играме ние

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Машката сениорска репрезентација на Македонија вечерва од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје ќе го одигра вториот контролен натпревар во рамките на подготовките за претстојните предизвици. Противник повторно ќе биде селекцијата на Бугарија.

По првиот пријателски дуел одигран во Самоков, во кој Бугарија стигна до победа, избраниците на селекторот Жозе Марија Берокал ќе имаат нова можност да го покажат својот напредок и да ги исправат грешките од претходниот натпревар.

Македонскиот стратег очекува поквалитетно издание од својот тим, особено ако се земе предвид дека на првиот меч репрезентацијата настапи во некомплетен состав. Денешниот дуел ќе биде важен тест за проверка на формата и воигрувањето на екипата пред официјалните натпревари што следуваат.

„Ни следува контролниот натпревар со Бугарија на кој ќе видиме кој ќе игра, како функционираме и како ќе изгледаме на теренот. На претходниот натпревар игравме со 12 играчи, бевме комплетни 20 минути против една доста добра и искусна селекција која одигра на високо ниво. Очекувам вечерва да одиграме доста подобро“, вели селекторот.

Овој циклус носи нешто повеќе време за подготовка, но и промени во составот. Од играчите кои беа на првиот собир, само дел се од претходниот состав.

„За разлика од претходниот циклус, сега имаме малку повеќе време, но не премногу. Имаме и неколку нови играчи. Од 16 кошаркари кои беа на првиот тренинг, само пет беа од ланскиот состав“, додава Берокал.

Стручен штаб и понатаму се соочува со проблеми околу составувањето на ростерот, но селекторот нагласува дека ова е ситуација со која се соочуваат и други репрезентации, а не само ние.

„Таква е кошарката. Сите тимови имаат проблеми како да го формираат ростерот. Многу работи не можеш да контролираш. Нови договори, повреди, НЦАА… Секогаш постојат причини зошто многу тимови, не само ние, не можат да го состават тимот кој го посакуваат“, објаснува селекторот.

И покрај тоа што по контролата со Бугарија следуваат важните натпревари од претквалификациите за Евробаскетот 2029, Берокал инсистира на максимален фокус кон предизвикот што следи.

„Фокусот е поставен на тоа како ќе играме ние. За Ирска сè уште не размислуваме, ќе почнеме на почетокот на викендот. Знаете дека имаме и нов играч. Очигледно ни треба една победа за да останеме на првото место во групата. Подобро е тоа да го реализираме на домашен терен, но прво ќе играме со Бугарија, па дури потоа ќе почнеме да размислуваме како да дојдеме до победата против Ирска“, заврши Берокал.

Македонија продолжува чекор по чекор кон својата целта – обезбедување место во главните квалификации за Европското првенство во 2029 година.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!