Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Јакимовски: Не очекува еден од најбитните натпревари досега

Сподели
ФОТО: КФМ
Сподели

Сениорската кошаркарска репрезентација на Македонија ги привршува подготовките за последните два натпревари од претквалификациите за Европското првенство 2029.

Избраниците на селекторот Жозе Марија Берокал ги очекуваат дуелите против Ирска и Луксембург, натпревари кои ќе бидат клучни за конечниот распоред во групата „А“. Македонија се наоѓа во одлична позиција и е многу блиску до освојување на првото место, а со нови позитивни резултати ќе сака да ја потврди лидерската позиција и пласманот во главните квалификации.

Националниот тим постепено се комплетира, а од вчера на подготовките во спортската сала „Лазар Лечиќ“ во Скопје му се приклучи и македонскиот репрезентативец Андреј Јакимовски, кој ќе претставува значително засилување за селекцијата во пресрет на важните натпревари.

„Не очекува еден од најбитните натпревари досега. Со победа против Ирска ќе го обезбедиме првото место во групата и затоа мора да се подготвиме најдобро што можеме. Имаме нов играч во репрезентацијата, хемијата во тимот е добра и останува на нас да победиме“, вели Јакимовски.

Ирска во Скопје ќе пристигне со променет состав, што дополнително ја зголемува неизвесноста пред средбата.

„Ќе биде тешко, затоа што Ирците доаѓаат со нова екипа. Со пет-шест нови играчи. Не знаеме колку се тие добри играчи и како играат, но останува на нас да го добиеме натпреварот“, додава македонскиот репрезентативец.

За разлика од претходниот февруарски циклус, националниот тим овојпат има повеќе време за подготовка и за запознавање со барањата на новиот стручен штаб.

„Имаме доволно време да се запознаеме со она што го бара селекторот, со неговиот систем и начин на работа. Работиме напорно секој ден и засега работите одат одлично“, истакнува Јакимовски.

Пред официјалните натпревари од ФИБА „прозорецот“, Македонија ќе одигра уште една контролна средба. Утре од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје следува проверка против Бугарија.

Главниот предизвик, сепак, е дуелот со Ирска на 2 јули, по што на 5 јули следува гостувањето кај Луксембург – последниот натпревар од овој циклус.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Кошарка

МЗТ три од три дома, Работнички три од три на гости пред вечното дерби

МЗТ Скопје Аеродром и Работнички влегуваат во дербито од седмото коло со по една серија што ќе биде прекината. Шампионот ги доби сите...

ФудбалФутсал

Две непоразени екипи во Втората футсал лига, две екипи без бодови

По четири одиграни кола во Втората футсал, две екипи немаат пораз, а две екипи немаат бодови. Каршиака и Црна Река не знаат за...

Поврзани написи
Ракометна репрезентацијаРепрезентација

РФМ со официјален приговор до ЕХФ: На телевизискиот пренос стоеше NMKD!

Ракометната федерација на Македонија преку соопштение информираше дека ќе поднесе официјален приговор...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија загуби од Грција во Халкида!

Македонската машка ракометна репрезентација го претрпе првиот пораз во квалификациите за Европското...

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Македонија има позитивна историја со Грција – денеска нова битка во Халкида!

По убедливиот триумф над Луксембург на отворањето на квалификациите за ЕП 2028,...

Останати репрезентацииРепрезентација

Пет круга до целта: Далија Стојановска со 46. место на европското деби во велокрос

Далија Стојановска ги извози сите пет круга на јуниорската трка на Европското...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!