Прва лигаФудбал

Босански тандем за нападот: Силекс ги засили редовите со Шеро и Хасукиќ пред европските предизвици

Сподели
ФОТО: ФК Силекс
Сподели

Освојувачот на Купот на Македонија, Силекс, продолжува активно да го засилува играчкиот кадар во пресрет на новата сезона, во која кратовчани повторно ќе ги бранат клупските бои и на европската сцена.

Нови членови на составот предводен од Александар Васоски се босанските офанзивци Нихад Шеро и Есмир Хасукиќ, кои ќе претставуваат дополнителна сила во нападот на кратовскиот прволигаш.

27-годишниот Шеро настапува на крилните офанзивни позиции и во Силекс пристигнува од редовите на Челик, зад себе имајќи настапи за повеќе клубови во Босна и Херцеговина. Од друга страна, 24-годишниот Хасукиќ е класичен централен напаѓач, висок 183 сантиметри, кој во Кратово доаѓа од екипата на ГОШК Габела.

Двајцата фудбалери веќе им се приклучија на новите соиграчи во Охрид, каде Силекс ги одработува подготовките за настапот во квалификациите за Конференциската лига на УЕФА.

Кратовчани, кои минатата сезона го освоија Купот на Македонија и на тој начин обезбедија излез на европската сцена, веќе го одиграа и првиот контролен натпревар за време на подготовките. На тест-мечот против албанскиот Динамо Тирана, Силекс беше поразен со 1:2.

Во првото квалификациско коло од Конференциската лига на УЕФА, Силекс ќе се соочи со белорускиот претставник Динамо Минск, а првиот дуел е закажан за 9 јули. Во Кратово веруваат дека новите засилувања ќе донесат дополнителен квалитет и ќе помогнат тимот успешно да одговори на предизвиците што претстојат на домашната и европската сцена.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива Паланка со убедливи 4:0 во натпревар од четвртата рунда на Трета...

Трета лигаФудбал

Караорман со три бода во Охрид, Баир Спорт го доби Кравари во гости, Могила го декласираше Напредок од Кичево

Ланскиот второлигаш Преспа никако да победи, ново реми за тимот од Ресен, откако во гости одигра 0:0 против Напредок од Ношпал, во натпревар...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Куманово со убедлива победа над Академија Осогово, Пчиња славеше победа со шест гола

Убедлива победа забележа Куманово совладувајќи го тимот на Академија Осогово од Крива...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!