Турнири

(ФОТО) Охридско финале на “Ресен 2026”: Инекс Олгица ќе го предизвикува АСП Пак

Сподели
Сподели

Познати се екипи кои обезбедија место го големото финале на Меѓуопштинскиот турнир во мал фудбал “Ресен 2026”, откако синоќа беа одиграни полуфиналните мечеви.

Инекс Олгица со тесни 2:1 успеа да го совлада тимот на Пекара Александар и да се чекира во големото финале.

По овој меч следуваше ревијален натпревар на младинците на РК Преспа.

Во вториот полуфинале меч беа постигнати четири погодоци за славје на АСП Пак од 1:3 над Студио 13.

Тоа значи дека на турнирот во Ресен ќе се гледа охридско финале меѓу Инекс Олгица и АСП Пак, а пак во битката за третото место ќе се соочат Пекара Александар и Студио 13.

Денес ќе биде слободен ден, а финалните возбудувања се закажани за среда.

Од 20 часот ќе се игра мечот за трето место меѓу Пекара Александар и Студио 13, од 21 часот на програмата е предвиден ревијален меч, а од 22 часот стартува финалната борба меѓу Инекс Олгица и АСП Пак.

Спортска Мрежа и годинава медиумски го поддршка турнирот во мал фудбал “Ресен 2026”, на кој секоја вечер имаше голем број на публика и одлична атмосфера.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Турнири

Отворени пријавите за Ohrid Winter Cup – четири дена фудбал, дружење и натпревари на „Билјанини Извори“

Охрид во декември ќе биде домаќин на уште еден голем младински фудбалски...

Турнири

Меморијалниот турнирот во Дебреште влегува во возбудлива фаза, од утре стартува осминафиналето

Заврши групната фаза на меморијалниот турнир во мал фудбал „Алмир Ибески –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!