Кошарка

Ново издание на ФИБА развојниот кошаркарски камп во Негорски Бањи – 60 млади таленти на заеднички тренинзи

Сподели
ФОТО: КМФ
Сподели

Во Негорски Бањи денеска започнува новото издание на развојниот кошаркарски камп, кој е дел од заедничкиот проект на ФИБА и Кошаркарската федерација на Македонија, насочен кон најмладите и најперспективни кошаркарски таленти од земјава.

Во периодот до 27 јуни, вкупно 60 млади кошаркари и кошаркарки од генерациите 2013 и 2014 година ќе учествуваат во четиридневна програма исполнета со интензивни тренинзи, едукативни сесии и активности за развој на техничко-тактичките вештини.

Кампот ги обединува најдобрите млади таленти во машка и женска конкуренција, избрани по претходно спроведена стручна селекција, со цел работа во професионална спортска средина и унапредување на нивниот потенцијал.

Во машка конкуренција, со избраната група од 15 кошаркари ќе работи стручниот тим предводен од тренерот Мартин Атанасовски, заедно со помошниците Мартин Анчевски и Никола Димитриевски.

Кај девојките, 15-те избрани кошаркарки ќе бидат под водство на тренерскиот тим составен од Никола Петровски, Сара Стојановска и Јована Стојанова.

Овој развоен камп претставува значаен сегмент од стратегијата за унапредување на младите кошаркарски категории во Македонија, со цел навремено препознавање и развој на генерации кои во иднина ќе го носат дресот на националните селекции.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Чардак од Велгошти ја декласираше Преспа, битолско реми, Кравари со девет гола против Влазними

Денес беше комплетирано првото коло на Трета лига регион 5 откако вчера беше отворено со еден меч. Тимот на Кравари ја имаше највисоката...

Трета лигаФудбал

Дрита со „лото“ победа, Љуботен со убедлив триумф, три бода за Гостивар и Цетинска

Денес започна новата сезона во Трета лига регион 6 со натпреварите од првото коло, кои донесоа голем број на погодоци. Дрита на домашен...

Поврзани написи
Кошарка

Суперкупот и купот на Македонија ќе се игра во Куманово, потпишана е соработка со КФМ

Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, потпиша Меморандум за соработка со Кошаркарската...

Кошарка

КФМ и клубовите од Женската Прва лига ги договорија деталите за новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

Кошарка

КФМ одржа работен состанок со клубовите пред стартот на новата сезона

Кошаркарската федерација на Македонија одржа работен состанок со претставниците на клубовите –...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!