Прва лигаФудбал

Тиквеш се засили на голманската позиција, пристигна Марко Алчевски

Сподели
ФОТО: ГФК Тиквеш
Сподели

Прволигашот  Тиквеш продолжува со засилувањата за новата сезона, а најново име во редовите на кавадаречкиот прволигаш е 24-годишниот голман Марко Алчевски. Македонскиот чувар на мрежата официјално стави потпис на договор со Тиквеш кој ќе има важност до летото 2028 година.

Алчевски важи за еден од перспективните голмани од својата генерација, а во Кавадарци пристигнува со богато искуство стекнато како на домашната, така и на меѓународната сцена. Своите први фудбалски чекори ги направи во Брера Струмица, од каде го започна развојот на својата кариера. Потоа настапуваше и за Борец, каде доби можност за дополнителен напредок и натпреварувачко искуство.

Добрата форма му донесе и интернационален ангажман, па кариерата ја продолжи во израелскиот Хапоел Ерусалим, а потоа и во српскиот ОФК Београд. Настапите во странство му овозможија да стекне дополнително искуство и да се развива во различни фудбалски средини.

Со ангажманот на Алчевски, Тиквеш добива квалитетно решение на голманската позиција и уште едно важно засилување во пресрет на новата натпреварувачка сезона. Во клубот очекуваат неговото искуство, квалитет и амбиција да придонесат за остварување на поставените цели и за што подобри резултати во домашното првенство.

Сподели
Напишано од
Виолета Јанчева -

Виолета Јанчева е поранешна фудбалерка која настапувала за неколку екипи од Првата македонска женска фудбалска лига. Одлично го познава македонскиот фудбал, но генерално и македонскиот спорт.

Не пропуштајте

Останато

Работнички и Вардар ЕМ за првиот „Чајка“ Супер куп трофеј

Актуелниот шампион Работнички Скопје и освојувачот на Купот на ОФМ за 2026 година, Вардар ЕМ, ќе ги одмерат силите во женскиот натпревар од...

Останато

Шампионот УГД Штип и Борец за првиот Супер куп трофеј

„Бранко Хаџииљоски – Чајка“ Супер купот денеска ќе обедини два значајни моменти за македонската одбојка – јубилејното 50. издание на меморијалниот турнир и...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Шампионот Проект подготвува голема трансфер „бомба“

Македонскиот футсал шампион Проект кој минатата сезона ја освои по првпат двојната...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) Кои екипи имаат максимален ефект во Третата лига, а кои разочараа по четири кола?

По четири одиграни кола во шестте региони на Третата македонска фудбалска лига,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!