Турнири

Голеади и убедливи победи на „Црнилиште Куп 2026“: Озан Ајаз и Фасада Чајник доминантни на турнирот

Сподели
Сподели

Возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Црнилиште Куп 2026“ продолжија и синоќа со шест интересни натпревари, на кои не изостанаа головите и атрактивните потези.

Екипата на Озан Ајаз беше најубедлива во вечерната програма, откако двапати славеше со идентични 7:0.

Најпрво убедливо го совлада составот на Озхан Градба, а потоа со ист резултат беше подобра и од Градба Демироглу, потврдувајќи ја одличната форма на турнирот.

Во вториот натпревар од оваа група, Озхан Градба успеа да стигне до победа од 3:1 над Градба Демироглу и да ги освои првите бодови.

Убедлив настап имаше и тимот на Фасада Чајник, кој најпрво со 3:0 го совлада составот на Косино Сити, а потоа запиша уште една сигурна победа, овојпат со 6:1 против Сикс Севен.

Екипата на Сикс Севен претходно славеше службена победа од 3:0 против Косино Сити, кој остана без освоен бод по синоќешната програма.

Турнирот во Црнилиште и оваа година привлекува големо внимание кај љубителите на малите фудбалски терени, а натпреварите продолжуваат и во наредните денови со нови возбудувања и борба за пласман во завршницата.

Спортска Мрежа, како и во изминатите години, е медиумски покровител на „Црнилиште Куп 2026“, турнир кој важи за еден од најдобро организираните турнири во мал фудбал во регионот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Третолигашот Ржаничино ја продолжи соработката со Калач, Здравковски и Тасевски

Третолигашот Ржаничино активно работи на ростерот за следната сезона, откако овој скопски клуб ја продолжи соработката со уште три фудбалери. И во новата...

Прва лигаФудбал

ФОТО: Тиквеш утре го има првиот предизвик во Турција – ривал е рускиот суперлигаш Балтика

Тиквеш влегува во главниот дел од подготовките во Турција, каде во наредниот период ќе одигра повеќе контролни натпревари како дел од подготовките за...

Поврзани написи
Турнири

ФОТО: Чардар Велгошти го „прегази“ Оровник, следна фаза за Аце Најдески и Хотел и Спа Инекс Олгица

Вечерва беше одигран последниот меч од групната фаза на турнирот во мал...

Турнири

ФОТО: Кафе Бар Коко се „распука“, Гранит Х се намачи за триумф, Оровник слави минималец

Продолжуваа возбудувањата на турнирот во мал фудбал „Петровден 2026“ во Мешеишта, откако...

Турнири

Младите надежи со многу погодоци на турнирот во Конче

Вечерва беа одиграни три од четири натпревари на турнирот во мал фудбал...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!